Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, веќе неколку дена е во посета на Украина.
Синоќа на Фејсбук објави дека се појавила опасност од бомби, за што алармирале сирените. Тој бил засолнет под земја, во скривница.
Ѓорчев исто така објави дека го посетил дворот на црква во градот Буча, каде минатата 2022 година за време на руската окупација во масовна гробница биле закопани 116 егзекутирани луѓе.