Блиндираниот воз со кој патуваше лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун пристигна на станицата во Хасан. Неколку руски официјални лица го пречекаа севернокорејскиот лидер на станицата во Хасан. Тој беше пречекан со цвеќе и со леб и сол како што е традиција во најголемата држава во светот.
„Се надевам дека оваа посета ќе биде успешна и оти со почитуваниот претседател Путин ќе успееме да разговараме за решавање на корејскиот проблем, но и за зајакнување на билатералната соработка меѓу нашите земји“, изјавил Ким по пристигнувањето во Владивосток.Ким Џонг Ун утре се очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин со кого ќе разговараат за неколку клучни прашања.