“ДОБРОДОЈДЕ ДОМА СТАРИ, ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА СЕДНАМ ДО ТЕБЕ ПАК“: Емотивна објава на синот на Горан Стефановски, Игор

by Тони Зографски

По три години од смртта на Горан Стефановска неговата скулптура конечно го доби своето место во скопско Дебар Маало.

По тој повод  неговиот син Игор Стефановски напиша емотивна објава на Фејсбук.

“Конечно, после една година изработка, долги ковид-месеци во склад, и неколку недели во кутија, сабајлево бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало!

За жал, поради новите мерки, нема да има јавен настан за отворањето. Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен).

Така што, еве и овој пат, во текот на денот (здравје), Горан би требало да биде поставен на своето место, каде ќе ве чека за седенка и муабет. Кога ќе бидете во можност, отидете да го поздравите.

ДОБРЕДОЈДЕ ДОМА СТАРИ! Едвај чекам да седнам до тебе пак…“ напиша Игор Стефановски.

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com