Пациент заразен со коронавирус оздравел откако во италијанска болница бил третиран со експерименталниот лек „ремдесивир“.
„Го имаме првото лице кое што оздрави откако беше третирано со експерименталниот лек“, изјави доктор од клиниката за инфективни болести при „Сан Мартино“ во Џенова, Матео Басети.
„Лекувањето на 79-годишниот пациент започнало на 7 март и веќе е негативен на два теста за коронавирус. Пациентот ќе се врати во Ломбардија наскоро“, рече Басети, потенцирајќи дека сите лекари се многу задоволни затоа што лекот се чини дека е успешен. Басети додаде дека имаат повеќе пациенти кои се лекуваат со истиот лек.