Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 118 долари за барел, што е благо намалување во однос на вчера кога цената беше 121 долар. Пред четири недели, барелот беше околу 110 долари или помалку.
Пазарот на криптовалути по големиот пад од утрово е во пораст. Вредноста на биткоинот денес изнесува 22.080 долари, што е зголемување од речиси 4% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.
Во последните денови од пазарот се избришани околу 300 милијарди долари. Биткоинот вчера падна на ниво од 21.000 долари, што е пад од цели 70 отсто во последните осум месеци. Паничната продажба на крипто-пазарот завчера го фрли биткоинот во минус од дури 14 отсто, а вчера за дополнителни осум отсто.
Што се однесува до берзанските цени на житарките тие од утрово се во минус. Цената на пченицата е 1.050 долари за тон, што е пад од околу 1 процент во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 774 долари, што е слична вредност како вчера.