Селина и Џозеф Кинон од Колорадо во САД започнале врска во 2006 година, а по неколку месеци се венчале. Кратко по стапувањето во брак го добиле првото дете, а потоа добиле уште две. Сепак, станале вирални на ТикТок откако дознале дека се во сродство.
Селина споделила фотографија од неа и сопругот на денот на венчавката. Текстот на сликата гласи:
„Се омажив за мојот сопруг во 2006 година. Добив три деца и не размислував за тоа.“
Селина објаснила дека сѐ е во ред меѓу нив по ова сознание.
„Моите деца и сопругот ми се сѐ. Сите наши деца имаат 10 прсти на рацете и 10 прсти на нозете.“
Многу следбеници ѝ коментирале дека нема причина за загриженост, бидејќи се далечни роднини.
„Ова на ниту еден начин не е контроверзно“, „Поврзани сте дури во четврто колено, мислам дека немате причина за загриженост“, „Важно е да сте сите живи и здрави“, се само некои од коментарите под нејзината објава.