Наместо на голема прослава поради лото добивката, една 33-годишна Канаѓанка завршила во полициска станица.
На патот кон експозитурата на лотаријата каде го купила лото ливчето, нејзе ја уапсила полицијата. Канаѓанката била обвинета дека лото ливчето го купила со украдена банковна картичка, а претходно имала направено уште пет вакви прекршоци.
Канадската лотарија објави дека жената освоила 50.000 канадски долари, но добивката нема да и се исплати бидејќи лото ливчето било купено на илегален начин.