Поранешен висок претставник и офицер на ЦИА, Роберт Баер, исто така и автор на многу дела во кои дава информации за ЦИА и администрацијата на Бил Клинтон и Џорџ В. Буш, за што неколку пати бил уапсен.
Како висок оперативец на ЦИА, работел во Југославија во периодот од (1991-1994) и на Блискиот исток. Роберт Баер учествувал во неколку документарни филмови на Национална географија, во кои ја обвинува владата на Буш за војната, која настана поради нафта.
Интервјуто беше спроведено во Канада, каде ја промовираше својата книга „Тајната на Белата куќа“, во Квебек. Разговорот се водеше, главно, за позадината на војната во СФРЈ.
Кога пристигнавте во Југославија, каде точно беше тоа и која беше Вашата прва задача?
– Стигнав со хеликоптер со уште тројца агенти. Слетавме на 12 јануари 1991 година во Сараево. Наша задача беше да внимаваме на наводните српски терористи, кои треба да го нападнат Сараево.
Кои терористи се во прашање и зошто требало, наводно, да ги извршат овие напади?
– Српски терористи, ни беа дадени податоци дека група наречена „Врховна Србија“ планира да изврши бомбашки напади врз клучните згради во Сараево, заради желбата Босна да ја напушти тогашна Југославија.
Дали постоела таква група и што точно направивте во Сараево, по наредба на командата на ЦИА?
– Таква група никогаш не постоела. Централната канцеларија исто така нè измами. Имавме задача да предупредуваме и шириме паника меѓу политичарите во Босна, едноставно им ги наполнивме главите дека ќе бидат нападнати од Србите. На почетокот, исто така ја прифативме приказната, но потоа малку се запрашавме: Зошто креваме паника, кога таа група очигледно не постои?
Кога и како заврши таа операција и дали има име?
– За мене, заврши по две недели, добив нова задача во Словенија. Инаку, операцијата траеше уште еден месец и беше наречена „ВИСТИНА“. Иако беше сè, само не тоа.