Пред клучниот меч за опстанок во лигата, рускиот прволигаш Уфа ги информира своите навивачи ако во недела екипата загуби од Динамо ќе им ги врати парите за купените влезници.
Уфа со 16 бода се наоѓа на 14 место, додека Динамо е 12-ти со 20 бода, и ако во недела победи ќе се одвои на 7 бода пред последните 12 кола.
Исто така од управата на клубот информирале дека освен рефундирањето на парите за влезници, на сите присутни навивачи ќе им се осигураат бесплатни карти за следниот домашен натпревар против Ахмата.