Доаѓа нов бран во Македонија, зголемените бројки на заразени се почеток на есенско зимски бран, предупредува епидемиологот Драган Даниловски.
Според него поради непочитување на здравствените мерки и протоколи на кампањите може дополнително да ја зголеми бројката на заразени.
„Доаѓа нов бран во Македонија. Она што се случува со соседните земји ние веќе го поминавме. Ние малку побрзавме во тој летно есенски бран. Ова сега што се случува е почеток на есенско зимски бран. Нивото на имунист на нашето населнеие мислам дека е преку 60 може и 70 остсто.
Со заладување на времето сите средби се внатре на затворено. Во предизборнита кампања никој не почитуваше мерки. Сето тоа дополнитело резултира со почеток на нови заболени. Овој експоненцијален раст подразбира постепено забрзување на бројките и тенденција за удвојување на бројките. Во таква една извесност во која сме, мене ми е нејасно зошто при таква закана наместо да останат или да се устрожнат мерките нашиве власти ги реалксираат мерките.
Во однос на вакциналните сертификати сметам дека наместо пасоши за вакцинирани, потребни се пасоши за имуност.“ – вели Даниловски во емисијата на Тв 24.