Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 61, Битола – 39, Штип – 7, Кичево – 5, Кавадарци, Ресен и Берово – по 3, Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница – по 1.
- Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 7, Охрид и Велес – по 5, Кавадарци и Прилеп – по 3, Струга – 2, Штип, Кичево, Тетово, Куманово и Делчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се пегистрирани во период од 09.04.-17.04.2022 година.