Овен (21.03 – 20.04)
Доколку во последно време сте имале тешки задачи и обврски кои треба да ги извршите, искористете ја денешната позитивна енергија. Денес е вистинско време да се состанете со некои луѓе и да разговарате за важни работи. Пријатната атмосфера ќе ви го наполни срцето.
Бик (21.04 – 21.05)
Доколку денот ви биде исполнет со обврски, вечерта дозволете си кратка релаксација и на вашето тело и на вашиот ум. Наспијте се, потребен ви е сон. Здравјето е во ред, но добро би ви било да одите не рутински преглед кај лекар.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Среќниот период продолжува. Она за што подолго време фантазиравте сега ви се исполнува. Денот минете го со пријатели во некое кафуле. Причини за убава атмосфера и славење има во голем број. Уживајте во прегратките на партнерот.
Рак (22.06 – 22.07)
Доколку досега во вашиот љубовен живот немаше ништо за пофалба, денес работите ќе се сменат. Некој ваш пријател чувствува нешто повеќе од пријателство кон вас. Доколку и вие така се чувствувате, тоа ќе биде позитивна промена во вашиот живот.
Лав (23.07 – 22.08)
Насочете ја енергијата на најдобар можен начин. Медитацијата ви помага да ги спречите несаканите последици во вид на депресија, но сепак не се отуѓувајте, бидете во близина на пријателите. Сите постапки зависат од другите луѓе, првенствено од односите со спротивниот пол.
Девица (23.08 – 22.09)
Не ја одбивајте соработката од колегите, бидејќи не ќе можете сами. Расположението малку ќе ви опадне, бидејќи некој од оклината нема да ви даде признание за кое верувате дека сте го заслужиле. Обрнете повеќе внимание на физичкиот изглед, не се запоставувајте.
Вага (23.09 – 22.10)
Сакате да бидете на чисто со некои работи поврзани со вашата средина, бидејќи самите никаде не се ангажирате, па ништо не зависи од вас. Повеќето припадници на овој знак чекаат помош од пријателите. Доколку имате слободно време искористете го да отпатувате некаде барем на кратко.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денеска ќе морате да бидете истрајни и подготвени на сите искушенија во деловноста. Контролирајте ја импулсивноста. Мислите дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денешниот ден ќе ви донесе блиска средба со партнерот и не трудете се да го уништите тоа со вашата презафатеност. Посветете им вниманите и на пријателите, на некој од нив ќе му биде потребен вашиот совет.
Јарец (22.12 – 20.01)
Овој ден ќе ви биде од голема важност. Потрудете се да ја искористите креативноста на позитивен начин и да ја вложите во некој проект. Кон крајот на денот очекувајте изненадување од блиска личност. Не се грижете за финансиите, барем денес.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денот е како создаден за флерт, љубов, уметност и разни други убави случувања. Спрема партнерот чувствувате силна физичка привлечност, па можно е вашиот сексуален живот да доживее вистинска кулминација. Уживајте во заедничките моменти.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате голема количина на ентузијазам која ви помага и ве турка напред. Затоа денес потрудете се таа позитивност да ја пренесете и на другите околу вас. Не избрзувајте со одлуките кои ги донесувате, некои од нив може да бидат против ваша корист.