ОВЕН
Не си дозволувајте да се спуштите на некое ниво кое воопшто не ви прилега на вашата природа. Вашето живеење станува се подобро но внимавајте да останете на тоа ниво. Финансиската состојба особено ќе ве израдува. Зголемувањето на ритамот може да биде штетно на вашето здравје. Не претерувајте со вашата љубомора и бидете повнимателни во односот со партнерот.
БИК
Многу убаво ќе се чуствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. Многу ќе ви користи движење и патување. Едноставно не пропуштајте ни една прилика за да се забавувате и да го правите она што ве весели. Здравјето ви е одлично.
БЛИЗНАЦИ
Доколку ви биде потребна поддршка од страна воопшто нека не ве изненадува нејзиниот недостаток. Ќе морате некои работи сами да ги завршите, да се ангажирате повеќе одколку што сте планирале што може кон крајот на денот да резултира со нервна напнатост. Целата ситауција е доста ризична, но доколку рескирате можеби и нешто ќе добиете во спротивно-ништо. Здравје: солидно.
РАК
Оние Ракови кои се занимаваат со администрација ќе наидат на проблеми со средување на документи. Во сериозните врски ќе успеете да ги расчистите недоразбирањата кои ве измачуваа последните денови. Вашата врска е јасна, цврста и сигурна како и секоја друга врска која се базира на искреноста. Здравје: лесни проблеми со дишните патишта кои можат да бидат од алергиски карактер.
ЛАВ
Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сватите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денеска да уживате во семејната среќа. Занимавајте се со уметност бидејќи токму во тоа поле се случуваат работи за кои вие денеска сте подготвени.
ДЕВИЦА
Ќе бидете доста нетрпеливи, а тоа е главна причина за кавги и расправии со претпоставените или колегите на работното место. Можно е неочекувано да тргнете на некој службен пат. Во љубовта задоволни сте со себе, но не и со својот партнер. Ќе ви недостасува некој на кој ќе му испраќате тајни пораки. Никаде нема да се чуствувате како дома. Финансиската ситуација ви е загрижувачка .
ВАГА
Нивото на енергија ви е многу ниско, а комуникативноста намалена. Ваквата состојба може само да ви направи проблеми на работното место. Навистина ви е потребен одмор и опуштање. Дозволете си го тоа ако сте во можност и извршувајте ги само обврските кои неможат да чекаат. Посветете повеќе внимание на вашиот љубовен живот. Здраствената состојба е чуствителна -грижете се повеќе за себе.
СКОРПИЈА
Кавгите и озборувањата денеска многу лесно би можеле да доминираат во вашата работна средина, па затоа бидете внимателни и вие да не бидете вмешани во тие непријатни настани. Доколку тоа ви се случи нека вашиот став не биде премногу борбен. Невниманието и непромислените дела исто така можат да ви зададат главоболки и на љубовен план. Завземете дипломатски став.
СТРЕЛЕЦ
Не се доверувајте на никого околината не ви е наклонета и секоја невнимателност може да биде употребена против вас. Ве очекуваат и некои изненадувања така да после тоа вашите меѓучовечки односи нема да бидат хармонични. Емоционалните односи исто така можат да ви донесат многу незадоволство. Здраствената состојба ви е одлична, но ве советуваме да бидете внимателни при ракувањето со алати и машини.
ЈАРЕЦ
Денеска ќе морате да бидете истрајни и подготвени на сите искушенија во деловноста. Контролирајте ја импулсивноста. Мислите дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана. Акциите нема да ви бидат општо прифатени, но тоа не треба да ве обесхрабрува. Здравјето ви е одлично.
ВОДОЛИЈА
Зафатете се со работа – не чекајте. Не ја одбивајте соработката од колегите, бидејќи не ќе можете сами. Расположението малку ќе ви опадне, бидејќи некој од оклината нема да ви даде признание за кое верувате дека сте го заслужиле. Обрнете повеќе внимание на физичкиот изглед не се запоставувајте себе си. Здравје: Ако не се чуствувате добро време е да побарате совет од лекар.
РИБИ
Денес може да ви се случи пред некој љубовен заплет да побегнете и да најдете сигурниост на работното место. Низ работата ќе дојдете до некои важни сознанија кои нема да се однесуват само на работата која моментално ја работите. Она што не ќе можете да го решите оставете го отворено, не ја трошете непотребно енергијата. Здравје: чуствително ако страдате од анемичност внимавајте на исхраната.