Овен (21.03 – 20.04)
Денес ќе бидете нерасположени. Сметате дека тоа е поради насобраните проблеми, но не сте во право. Премногу сте сериозни и воопшто не можете да се опуштите. Секој проблем го сметате како крај на светот и поради тоа луѓето околу вас почнуваат да ве избегнуваат. Денес ви претстои разговор со партнерот кој ќе се обиде да ве вразуми и да ви објасни некои работи.
Бик (21.04 – 21.05)
Во текот на денот можно е да дојде до средба со постар човек кој ќе ви понуди помош околу работата. Не одбивајте ја помошта. Проблемите се натрупуваат и време е да почнете да ги решавате еден по еден. Имате големи очекувања и правите напори да ги остварите своите цели. Вашата тврдоглавост ќе ви помогне да успеете.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Доколку сакате да започнете нешто ново, направете го тоа оваа недела. Во моментов ѕвездите не ви се наклонети и може да дојде до поголем стрес. Ако имате деца, денес избегнете да бидете строги кон нив. Можете да предизвикате спротивна реакција од од онаа што сакате да ја постигнете. Доколку сте слободни, денес е можна средба со сериозна личност родена во земјен знак.
Рак (22.06 – 22.07)
Напнатоста што ја чувствувавте подолго време го зема својот данок и време е да почнете да работите на себе. Симптомите ги чувствувате одамна, но досега не бевте подготвени да преземете мерки. Денес е можно да имате сериозен разговор со една постара жена. Не сфаќајте ги сериозно нејзините забелешки.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес чувствувате дека е крајно време сериозно да се позанимавате со некои споредни работи и малку да се оддалечите од работата. Во изминатиот период бевте премногу оптоварени со работа и тоа се одрази и на вашите партнерски односи. Во попладневните часови ве очекува сериозен разговор со партнерот. Не дозволувајте да ви се меша во финансиите.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес ќе морате да бидете сериозни и да преземете одговорност за вашата кариера. Видовте дека со релаксиран и опуштен пристап тешко можете да успеете во вашите намери. Денес ве очекува и сериозен разговор во врска со некој постар член од семејството. Внимавајте како се однесувате во сообраќајот.
Вага (23.09 – 22.10)
Работите ви одат токму онака како што сакате, полека и по малку успано. Единствено што во моментов ве измачува се парите. Имате безброј ветувања, но очекуваниот прилив никако да пристигне. Во попладневните часови ве очекува пријатно дружење со пријатели.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Имате потреба да спроведете некои свои идеи, меѓутоа наидувате на отпор од колегите. Тоа ве нервира и се обидувате вербално да им се наметнете. Не е својствено за вас, но на крај ќе морате да го смените размислувањето и да попуштите. Ако имате сопствен бизнис, денес очекувајте пари.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Трката по заработувачка и секојдневните обврски полека ве одвојуваат од вашите некогашни желби. Ако имате сопствен бизнис, денес е можен договор со странска фирма или претставништво во земјава. Приходите ви се добри, но внимавајте на трошоците. Вашата импулсивност во трошењето може скапо да ве чини.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес ќе уживате со поблиското семејство. Ќе имате релаксиран ден каде ќе се дружите со пријателите. Можно да се сретнете со личност која одамна ја немате видено. Доколку сте во брак, бидете внимателни и не ги нарушувајте добрите односи со партнерот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Освен што чувствувате недостаток на енергија, проблем ви претставува и недостатокот на средства. Очекуваните приливи ќе дојдат во текот на оваа недела и добро би било да ги дочекате подготвени. Може да чуете нешто што нема да ви се допадне.
Риби (20.02 – 20.03)
Емотивната криза полека ја совладувате и почнувате да се чувствувате како победник. Денес е можна интересна средба со личност родена во огнен знак. Личноста е многу интересна и одговара на вашиот сензибилитет. Ќе го уживате денот пред утрешните работни обврски.