Овен (21.03 – 20.04)
Бидете внимателни при склопувањето на нови деловни контакти. Можна е средба со некоја неискрена личност. Во љубовното поле ве очекува интересен ден кога станува збор за флертот.
Бик (21.04 – 21.05)
Доколку не сте и доволно посветени на работата ќе следат некакви последици, затоа бидете сконцентрирани. Партнерот ви е верен и посветен. Ќе се чувствувате задоволно.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Неопходно е да поработите на комуникацијата со соработниците доколку сакате да создадете подобра работна атмосфера. На љубовното поле можно е саканото лице да ви поставува некои ограничувања во вашиот однос.
Рак (22.06 – 22.07)
Загрижени сте за својата заработка и ви се чини дека некои можности ви се намалени. Во љубовта ви се допаѓа некоја личност која ви делува премногу мистериозно и за која не знаете многу.
Лав (23.07 – 22.08)
Не сте задоволни со својата деловна ситуација и очекувате некоја подобра прилика во наредниот период. Во љубовта доколку сте во брак можно е да имате малку потежок ден за комуникација со партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
Не ви е лесно да ги завршите сите обврски навремено бидејќи псотојат работи кои не зависат од вас. Во љубовта можно е да ви се допаѓа личност на која не е лесно да и пријдете бидејќи е срамежлива и повлечена.
Вага (23.09 – 22.10)
Малку сте загрижени поради моменталните случувања на деловен план но на крајот се ќе испадне добро за вас. Во љубовта добро се согласувате со некоја Риба, па можно е доколку сте слободни да стапите во врска.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не ви оди баш најдобро комуникацијата со некои соработници. Ве очекува ден во кој е можна напнатост. Во љубовта не сте сигурни во своите чувства и ќе ви биде потребно подолго време да ги решите емоциите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Потребно ви е некое време да одлучите со која работа сакате да се занимавате. Во моментов сте на професионална раскрсница. На слободните им доаѓа некое ново познанство.
Јарец (22.12 – 20.01)
Постепено ќе ги остварувате своите цели. Иако ви треба повеќе време отколку што сте очекувале, сепак ќе успеете. Во љубовта можно е погрешно да сте ја протумачиле пораката која сака да ви ја испрати личноста наспроти вас.
Водолија (21.01 – 19.02)
Вашата нервоза може да создаде дополнително оптеретување во деловното опкружување, па потрудете се да ја контролирате. Во љубовта со саканото лице ќе постигнете стабилност.
Риби (20.02 – 20.03)
Можете да очекувате ден во кој ќе постојат некои препреки на деловен план. Во љубовта бидете отворени кон саканото лице бидејќи единствено на тој начин ќе ги решите несогласувањата.