Овен (21.03 – 20.04)
Поради различните деловни интереси и правила кои ги наметнува една влијателна личност, морате да прифатите компромисно решение. Изгледате загрижено, бидејќи околината нема доволно слух за да го прифати вашето мислење. Но не се грижите во текот на оваа недела ќе се решат сите проблеми, а вие повторно ќе заблескате.
Бик (21.04 – 21.05)
Верувате дека ќе успеете со одредена тактика да надмудрите некој кој долго не сте го слушнале или некој за кој никогаш не сте сигурни како ќе реагира на вашите деловни предлози. Бидете подготвени да влезете во некоја нова работа во која ќе биде потребно да имате добро познавање на странските јазици.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Околу вас ќе забележите многу љубомора и компетитивност. Луѓето ќе се натпреваруваат за да докажат кој е подобар или кој е попопуларен. Не влегувајте во таа игра, бидејќи на крајот никој нема да излезе како победник, а таквата тивка борба ќе повлијае негативно на вашите односи со луѓето.
Рак (22.06 – 22.07)
Во конфликт сте со желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Вашите фантазии за нешто повеќе ви го нарушуваат мирот. Посакувате да избегате од работата, но тоа сега не е правилно решение. Стрпете се, во наредната година ќе дојдат подобри денови. Некога Вага ќе ви понуди помош, прифатете ја.
Лав (23.07 – 22.08)
Доколку се стремите кон бизнис напредок, ќе морате да бидете послушни и без прашања да ги усвојувате одлуките за во иднина. Иако вам тоа нема да ви се допадне, на крајот ќе сфатите дека тоа е полесно отколку што мислевте дека ќе биде. Во вечерните часови, можете да добиете некоја чудна порака од некое лице кое едноставно решило да ви каже што се мисли за вас.
Девица (23.08 – 22.09)
Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.
Вага (23.09 – 22.10)
Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Би можело да се случи да потклекнете пред нечие додворување, и да сфатите колку е убаво да бидете освоен, но и да победите. Денот ќе ви помине во копнежно расположение, особено во случај доколку „страдате” од невозвратени чувства. Во вечерните часови ќе влезете во дискусија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во последно време сте неодговорни, а за сето тоа може скапо да платите. На работа ве очекува прилично комплицирана ситуација, затоа што не сте способни да се концентрирате, работите пристигнуваат или отпаѓаат, а вие не сте во состојба да се снајдете во таа гужва. Во љубовта постои можност да бидете фатени во лага.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии. Односите со околината ќе ви бидат многу добри, но не особено блиски.
Водолија (21.01 – 19.02)
Одличен ден за започнување со нова работа, или некакво усовршување. Сите ваши напори за развивање и подобрување на вашите знаења и умеења ќе бидат успешни, а секако дека ќе ви донесат и успех. Финансиската ситуација ви е доста нестабилна, па можеби ќе бидете загрижени поради тоа.
Риби (20.02 – 20.03)
Потресени сте од некоја состојба во семејството, но потајно верувате дека се ќе биде во ред. На работното место во моментов можеби стагнирате но во иднина од вас ќе се очекува повеќе, а вие ќе бидете максимално подготвени да напредувате. Не размислувајте песимистички, погледенете ја и другата страна.