Овен (21.03 – 20.04)
Денеска не дозволувајте променливите емоции да ви ги нарушат односите со пријателите. Ќе имате потреба да се повлечете и да бидете сами со себе. Некои сеништа од минатото повторно ви се јавуваат и ве тераат на размислување. Свесни сте дека сами сте креатор на својата среќа и што и да преземете ќе ја одреди вашата иднина. Соочете се со фактот дека ќе морате да живеете со одлуката која во моментов ја носите.
Бик (21.04 – 21.05)
Размислувањето ви оди во позитивен правец и се што ќе решите ќе ви биде од голема корист. Денес е можно да остварите значителна позиција која ќе ви овозможи подобра иднина. Полни сте со енергија и спремни сте да ги надминете сите проблеми кои ве измачуваа во изминатиот период. Но, не претерувајте. Не можете да ги решите сите проблеми одеднаш. Работите решавајте ги чекор по чекор
Близнаци (22.05 – 22.06)
Секогаш тешко донесувате одлуки и тој дел од животот со задоволство му го препуштате на партнерот. Меѓутоа денеска ќе бидете ставени во ситуација да донесете брза одлука и ќе бидете горди на себе со стореното. Она што денес ќе успеете да го завршите ќе ви овозможи да се чувствувате моќно. Денес е можен финансиски прилив кој ќе дојде преку пријатели.
Рак (22.06 – 22.07)
Негативните емоции полека попуштаат, но вие се уште не можете да го оставите минатото зад себе и да тргнете напред. Имате голема потреба да избегате некаде, но свесни сте дека не можете да избегате од себе и од она што ве измачува. Доколку сте вљубени, денес ќе имате емотивен разговор со партнерот.
Лав (23.07 – 22.08)
Во моментов ѕвездите ви се наклонети и секоја можност што ќе ви се понуди лесно ќе ја искористите. Позитивната енергија што ја чувствувате ви дава надмоќ над останатите. Не искористувајте го тој момент и останете скромни како и досега. Денес партнерот ќе ви биде од голема помош.
Девица (23.08 – 22.09)
Ако се занимавате со семеен бизнис, денес ве очекува краткотрајна средба и отворање на една нова врата. Работата ви оди добро и време е да им се посветите на емоциите и на задоволствата. Ако сте осамени после повеќе неуспешни обиди, денес ќе имате шанса да сретнете личност која многу ќе ви се допадне. Ако сакате да ја задржите, не глумете недостапност.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес ќе имате важен разговор со претпоставените и ќе им ги изложите своите планови. Воопшто не ве интересира дали некој ќе се налути или не. Меѓутоа, денес ќе ја добиете поддршката од шефовите што уште повеќе ќе го исполни вашето его. Доколку сте невработени, денес е можен разговор со многу важна личност. Дел од своето време ќе го посветите и на семејството.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Потребата за материјални добра секојдневно ви се зголемува. Денес ќе чувствувате дека не сте направиле се во тој правец и ќе размислувате за нов извор на приходи. Партнерот се сложува со вас, но ќе бара да реализирате една стара идеја која сте ја започнале во минатата недела. Ќе морате да се вратите малку назад и повторно да преиспитате зошто таа идеја сте ја отфрлиле. Во попладневните часови можна е посета од блиски роднини.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес се можни две случки кои ќе дадат печат на идниот периодот. Разговорот со една личност на повисока функција може да ви донесе нова работа или работа на некој значаен проект. Во попладневните часови можна е средба со една помлада личност која многу ќе ви се допадне. Уживајте.
Јарец (22.12 – 20.01)
Се чувствувате добро и имате потреба да бидете во центар на вниманието. Доколку денес решите да патувате ќе имате можност за низа интересни средби. Средбата со помлад човек може да ве изнервира, но не покажувајте го тоа. Останете достоинствени како и секогаш. Денес е можно да се соочите со некој фамилијарен проблем за кој воопшто не знаете како да го решите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес е можна средба со една помлада личност која ќе направи заложба да ви помогне. Семејството исто така сака да ви помогне, но вие ќе ја одбиете нивната помош. Сметате дека многу површно се однесуваат кон проблемот и сами ќе најдете најдобар начин да излезете од ситуацијата.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес очекувајте финансиски прилив. Работите полека ги финиширате и си го трасирате патот кон успехот. Односите со партнерот ви се добри, но на моменти меѓу вас се јавува тензија која е проследена со многу остри зборови. Кога страста ќе се смири се однесувате како ништо да не се случило. Внимавајте што кажувате во лутина.