Овен (21.03 – 20.04)
Добрите совети од лицата кои се разбираат во финансии за вас ќе бидат добредојдени, бидејќи во последно време воопшто немате идеја и план како да се справите со трошоците. Ако се занимавате со уметност, денес ќе доживеете голема слава. Можно е да добиете повик од некое лице кое повеќе пати ви нагласило дека сака соработка со вас.
Бик (21.04 – 21.05)
Ако сакате да бидете одлични, докажете дека го можете тоа на најдобар можен начин. Ќе чувствувате некаков немир поради нешто што сте сториле во минатото. Извинете се ако можете, а ако не надминете го тоа. Вашето семејство ќе ве потсети дека е потребно да му посветите поголемо внимание.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес направете нешто корисно за вашата заедница. Размислете како дополнително да ја унапредите работата, помогнете им на пријателите, на семејството и на вашите колеги и соработници. Можеби одлична идеја е да волонитирате или да подарите крв. Вашата добрина денес ќе дојде до оние на кои најмногу им е потребна.
Рак (22.06 – 22.07)
Постои можност за мали конфликти со некои Близнаци или Девица. Верувате во планот за остварување на подобри односи со соработниците, но не избрзувајте со потезите. Не полимизирајте со некоја Девица во врска со финансии и инвестиции.
Лав (23.07 – 22.08)
Ова би можел да биде стресен ден, особено ако имате многу незавршени задачи, а имате големи амбиции. Можно е да се наоѓате растргнати помеѓу желбите и реалноста. Она што за вас во моментов е најдобро е да не бидете премногу упорни во докажувањето на правдата и не се надмудрувајте. Очекувајте повик од една Вага во врска со нова работа.
Девица (23.08 – 22.09)
Ова за вас е ден во кој ќе уживате, ќе се опуштите и нема да размислувате на проблемите. Во вечерните часови закажете ја средбата која долго време ја планирате. Ќе поминете одлично доколку сите ваши размислувања ги поврзете со оптимизмот.
Вага (23.09 – 22.10)
Не сакате било кој да ве проценува врз основа на некои површни заклучоци и мислења. Пријателите ја поттикнуваат вашата амбиција која се базира на реалните основи максимално да се ангажирате за нешто што би можело да ви донесе поголеми шанси за напредок. Во деловниот свет ви претстои некое ново познанство.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Големите амбиции ве прават подготвени да се впуштите во некои нови работи за кои не сте размислувале. Вашата популарност нагло ќе расте, а вие со насмевка ќе ги собирате плодовите од одлично завршената работа. Излезете малку надвор од рамките на комфорот, ризикувајте и постигнете нешто повеќе.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во текот на денешниот ден ќе размислувате за некои планови и одлуки кои ќе сакате да ги реализирате во иднина. Потрудете се да соберете што можете повеќе совети од блиските лица. Ќе добиете повик кој ќе ја поттикне вашата загриженост дека нештата нема да се одвиваат онака како што сакате.
Јарец (22.12 – 20.01)
На вашиот знак транзитот на Месечината не делува баш најдобро така што ќе ве принуди да се измачите за на некого да му објасните да биде попопустлив кога станува збор за некоја новонастаната ситуација. Ќе имате неколку недоразбирања кои на крајот на денот ќе бидат надминати.
Водолија (21.01 – 19.02)
Можеби подолго време ќе чекате да добиете одлична деловна понуда, но секако дека ќе ја добиете. Сепак внимателно размислете за понудата, одлучете дали сакате со тоа да се занимавате во иднина и дали имате можност за напредување. Некој Стрелец или Јарец ќе ви помогне да донесете одлука.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе бидете задоволни со развојот на деловната ситуација. Добрите резултати од разговорите со претпоставените ќе ви дадат нов полет. Совладајте ја нетрпеливоста и сметајте на мало позабавување. Внимавајте на односите со партнерот и членовите од семејството.