Овен (21.03 – 20.04)
Внимавајте на погрешни проценки, а исто така избегнувајте зависност од туѓи мислења и сугестии на професионален план за да имате успех и напредок. Најважни ќе бидат вистинските информации и вештината за говорење и пишување. Некои од вас ќе соработуваат со пријатели или роднини, а некои ќе тргнат на пат поврзан со некоја хонорарна работа.
Бик (21.04 – 21.05)
Ова е доста весел ден за повеќето припадници на овој знак. Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе го поминете во друштво со вашите пријатели. Обидете се да воспоставите добри односи и со вашите колеги и соработници, тие ќе ви помогнат околу извршувањето на работните обврски, бидејќи не ќе можете се сами да постигнете.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Престанете да бидете сто проценти убедени и самоуверени дека нема ниту една пречка пред вас. Потпрете се на досегашното искуство, а не на агресивната сигурност. Ќе напредувате само ако реално размислувате, советите од страна ќе бидат добредојдени.
Рак (22.06 – 22.07)
Очекувате покана за на некој краток излет, а ако се случи немојте да ја одбиете. Романтични или деловни патувања, па дури и ако се пократки во моментот добро ќе ви дојдат. Имате потреба за стекнување на нови знаења, а за тоа нема подобри работи од откривање на нови краеви и стекнување на нови пријателства.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе направите некои погрешни заклучоци или погрешна проценка која може да биде многу важна за вашето работно место. Постојано имате проблем да сватите дека работата мора да постои во животот и дека мрзеливоста и негодувањето треба да ги отстраните. Некоја порака сериозно ќе ве замисли.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе треба да бидете доста сериозни, рационални бидејќи во прашање е промена на работното место или избор на дополнителна работа. На тоа ќе бидете принудени иако не сте воодушевени со тоа што ќе треба да го работите. Финансиската состојба не е најдобра ќе мора да бидете поскромни во трошењето на парите.
Вага (23.09 – 22.10)
Избегнувајте дополнителни или чувствителни разговори. Пожелно е да ги намалите деловните контакти и да си ги разјасните сопствените планови. Премногу сте расеани, работата страда, но страдаат и старите пријателства, за кои многу ќе жалите. Ќе добиете повик за многу важен состанок кој не би требало да го пропуштите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денов ќе ви мине во променливо расположение. Односите со околината ќе ви бидат нарушени: сметајте на семејни кавги, недоразбирања со партнерот, како и негативно навраќање на нерасчистени ситуации од минатото. Обидете се да ја поправите ситуацијата.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Исклучитено несериозно ќе настапите во речиси сите аспекти од животот. Не ви се работи, не ви се учи, не знаете што со себе. Финансиската ситуација ви е загрижувачка, мора да пронајете начин да ја средите. Несериозноста е вашиот најголем непријател во овој момент.
Јарец (22.12 – 20.01)
Сте успеале да ја пребродите кризата и да испливате од проблемите и тоа од оние кои директоно делуваат врз вашето расположение. Работите ги држите под контрола , успешни сте и задоволни. Сите услови ви се наклонети, па што чекате искористете ги максимално.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ситуацијата во која денеска се наоѓате не е ни малку лесна, но далеку од тоа дека е безнадежна. Затоа опуштете се малку. На вашите сакани им е потребна вашата близина и внимание. Потрудете се да бидете потрпеливи.
Риби (20.02 – 20.03)
Сите работи ќе се одвиваат под ваша контрола, па затоа нема потреба од грижа. Ако мислите дека некои работи не се во најдобар ред консултирајте се со вашите соработници. Ве очекува некое патување надвор од границите на државата.