Овен (21.03 – 20.04)
Опуштете се и пронајдете време за одмор и релаксација, зашто здравствената состојба не ви е најсовршена. Ако и понатаму продолжите да се исцрпувате и да се оптоварувате дури и за најмалите проблеми, тогаш не очекувајте излез од психофизичкиот лавиринт кој подолг период ве следи. Во секој случај, ќе мора да сфатите дека денеска ретко кој ја почитува добронамерноста.
Бик (21.04 – 21.05)
Конечно дојдено е вистинското време кое ќе ви овозможи со полн капацитет на сила да тргнете кон освојувањата на убавините во животот. Имено, позитивните влијанија на планетите ќе ви помогнат големиот број на нереализирани желби да ги реализирате. Но, тоа не значи дека треба да манифестирате нетактичност и суета, туку ќе мора на достоинствен начин да ги спроведете идеите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
До кога ќе допуштате стравот од преземање предизвици да ви создава напнатост и зависност од надворешните влијанија. Ако продолжите да не верувате во своите вредности, тогаш ќе се соочите со проблеми и неможност за воспоставување на духовната стабилизација. Таквите околности не ветуваат лесен излез од кризата.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес, вметнете ја самодовербата, бидете поконцентрирани и не дозволувајте судот на другите да го окупира вашето срце, зашто не е со така негативно, како што првично ви изгледа. Напротив, предиспозициите за отворање нова поперспективна визија во животот ви се мошне големи, така што не очајувајте по минатото, туку направете стратегија за реализирање на високите потенцијали во иднината.
Лав (23.07 – 22.08)
Опасностите што се закануваа целосно да ви ја ограничат психофизичката енергија полека, но сигурно почнувате да ги елиминирате, така што нема место за паника, туку за воспоставување нова визија во животот. Затоа, ослободете се од непродуктивните влијанија и согледајте што може да направите за сопствената личност, бидејќи би била вистинска штета високите квалитети да ви останат нереализирани.
Девица (23.08 – 22.09)
На професионален план подолго време чувствувате огромни притисоци, поради што расположението ви варира од меланхолија до еуфорија. Иако, покажувате хармонични резултати и со упорна работа ги елиминиравте негативностите, сепак имајте на ум оти лицата кои ве опкружуваат се непријателски поставени кон вашата личност, така што бидете внимателни при остварувањето на соработката, зашто и најмалата грешка подоцна може скапо да ве чини.
Вага (23.09 – 22.10)
Време е да се освестите и на реален начин да ги согледате околностите во кои не по своја вина западнавте, бидејќи доволно ги негиравте потребите на сопствената личност, така што ќе мора да направите нешто добро за себе. Преголемото жртвување и очекувањето другите да ви помогнат и да ги сфатат вашите проблеми, пропаднаа, поради што ќе мора од корен да го промените односот кон се што ве опкружува.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес прифатете ја можноста за внесување нешто ново и возбудливо, зашто ѕвездите ветуваат високо ниво на задоволство. Затоа, наместо да калкулирате со своите чувства и да барате скриени докази на заинтересираност кај лицето кое ве привлекува, подобро е да ја преземете иницијативата и да ја спроведете замислата без подлегнување на предрасудите и надворешните влијанија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес не треба да стравувате во љубовта, туку прифатете ги предизвиците на храбар и решителен начин, зашто ѕвездите ќе ви ја дадат потребната поддршка за хармонизирање на состојбата и за надминување на слабостите. Затоа, ослободете се од непродуктивните размислувања, односно од чувството дека саканото лице ја изневерува вашата доверба.
Јарец (22.12 – 20.01)
Состојбата на емотивен план, полека, но сигурно ви се подобрува, што укажува дека многу поподготвено ќе ги пречекате љубовните искушенија. Затоа, активирајте ја силата, покажете дека имате капацитет за следење на авантурата и надминете ги дисхармоничните влијанија на лицата кои ве опкружуваат.
Водолија (21.01 – 19.02)
Поставеноста на планетите ветува високо ниво на задоволства, поттикнување кон авантурата и развој на плановите на хармоничен и решителен начин. Затоа, надминете ги предрасудите, храбро зафатете се во костец со искушенијата и придвижете ги работите кон нагорната линија. Во доменот на љубовта очекувајте соочување со непознатото, што ќе ви создаде голем предизвик, трансформација и оригинални случувања.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашата упорна и енергична природа отсекогаш умеела да ви донесе перспектива, поради што и денеска ќе се карактеризирате со конструктивност и хармонична насоченост кон решавањето на наталожените егзистенцијални проблеми. Затоа, не се откажувајте од потребата за воспоставување на позитивната рамнотежа, бидејќи ограничувачки фактори не ќе успеат уште долго време да ви ја изолираат креативната и иницијативна енергија.