Овен (21.03 – 20.04)
Расположени сте за дебатирање и за интересен разговор. Сепак, не се задлабочувајте во непотребни дискусии. Тоа може да ви одземе неколку часа од денот, па потоа ќе ви биде криво што сте го потрошиле времето бескорисно. Проценете дали вашиот соговорник сака да се поврзе со вас или пак сака само да си го слуша сопствениот глас.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате големи очекувања од иднината, но наместо толку да се надевате земете и најпрвин завршете ги работните обврски, потрудете се да се вклучите во нови работни проекти, истакнете се и обидете се да заслужите напредување. Постои можност да сретнете некоја личност од минатото која ќе ве потсети на безгрижниот детски живот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Сакате некои нешта кои не се за вас. Постојано мечтаете за некое совршенство а ни самите вие не сте толку совршени. Денес ќе мора да платите за некоја голема грешка направена во минатото. Престанете да им судите на другите, ќе имате проблем на работното место. Вашето семејство се чувствува запоставено.
Рак (22.06 – 22.07)
Бидејќи упорно настојувате да го добиете од другите она што не се во состојба да ви го дадат, кавгата е неминовна. Се советува внимателност, и тоа не само кога се во прашање зборови. Обидете се аналитички да му пријдете на проблемот и да најдете за него оправдување. Доста ви е од трач и озборување.
Лав (23.07 – 22.08)
Иако копнеете да бидете на врвот, понекогаш и второто место не е за потценување. Денес балансирајте помеѓу соло и тимска работа. Заборавете на егото и оставете вашите дела да зборуваат за вас. Треба да му обрнете повеќе внимание на одредено лице од спротивниот пол и да ги подобрите односите со него. Посветете им време и на креативните работи.
Девица (23.08 – 22.09)
Не се решаваат сите ситуации со кавга, пробајте со мирен разговор да ги решите проблемите на работното место но и во приватниот живот. Некој ќе ви соопшти некоја вест која тотално ќе ве натажи. Побарајте помош за мирно прифаќање на новата ситуација во животот од ваш пријател кој е Риба. Плановите за сопствен бизнис нема да ви се исполнат.
Вага (23.09 – 22.10)
Сакате некаква промена во социјалниот живот, не сте задоволни ниту од себе ниту од партнерот. Потезите во овој период ќе ви бидат клучни за понатамошните случувања. Внимавајте на здравјето, недоволно спиете, а тоа ви го намалува имунитетот. Порака со интересна содржина ќе донесе насмевка на вашето лице.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Депресијата во овој период е вашето второ име, мора да излезете од тој негативен круг. Размислувајте за понатамошниот живот, забележете дека всушност и не се така лошо поставени работите. Премногу ги осудувате колегите, и тие се во незавидна позиција. Соработувајте со нив и намалете ги проблемите. Семејните несогласувања се поради недостигот на искрена комуникација.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Едно мислите, друго правите. Двете лица во вашиот карактер ви создаваат проблеми. Околината ве осудува а вие знаете дека не сте во право но сепак гордо се инаетите. Оние кои не работат постои можност да бидат повикани на некое работно место. Во љубовта се ви е под конец, но тоа не е така поради вас, туку поради грижата и трудот на вашиот партнер.
Јарец (22.12 – 20.01)
Постојано несериозно се однесувате, околината веќе сфатила какви сте и не се ни потпира на вашето мислење или вашата помош. Посакувате да патувате, одмарате и излегувате. Работата ви е последна на списокот, а вашите финансиски средства јасно покажуваат дека е потребно да работите и да заработувате. Партнерот ќе ви биде лут и тоа со право.
Водолија (21.01 – 19.02)
Навлегувате во период кој ќе биде исполнет со монотонија. Не го сакате тоа но сепак ќе бидете во таква ситуација. Некој ваш близок ве лаже за неговите постапки. Сонувате да заминете на некоја друга планета и да се одалечите од проблемите, но без реално соочување нема никакво решение. Партнерот очекува да му купите некои нешта за кои искрено мислите дека не ги заслужил.
Риби (20.02 – 20.03)
Постојано додавате оган на веќе жешките ситуации на работното место, тоа скапо ќе ве чини. Не сте ни свесни дека колегите ќе се завртат против вас, постои можност да ви биде намалена платата. Вашето несовесно однесување ќе резултира со голема казна која ќе треба да ја платите. Пријателите и семјството ќе застанат на вашата страна но се додека не сфатат што всушност сте направиле.