Овен (21.03 – 20.04)
Денес еден пријател ќе ви ви помогне во реализацијата на еден план што го имате веќе подолго време. Партнерските односи се уште се турбулентни. Партнерот постојано го менува расположението и вие не знаете што да очекувате. Можеби причината лежи во тешката финансиска ситуација која пред се зависи од вас.
Бик (21.04 – 21.05)
Се наоѓате во период во кој ќе остварите многу соништа. Идејата која ја имавте во изминатиот период денеска конечно ќе почне да се реализира. Единствено на што ќе треба да внимавате е тежината. Можно е да бидете опиени од успесите и да не забележите како килограмите ви се трупаат. Доколку сте во брак, не обидувајте се да разјаснувате некои стари проблеми со партнерот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Промените во работата воопшто не ви одговараат и сметате дека сте неправедно оштетени. Го давате својот максимум, но како претпоставените да не го забележуваат тоа. Не вознемирувајте се и не дозволувајте колегите да забележат дека се чувствувате онеправдани.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес имате осет дека претпоставениот работи против вас и намерно ви наметнува нешто што е е спротивно на вашите работни задачи. Денеска за вас е најдобро да се воздржите од секакви објаснувања и убедувања, затоа што тоа не води никаде. Доколку сте слободни денес е можно да сретнете една личност која е веќе во брак и најдобро би било да ја заобиколите.
Лав (23.07 – 22.08)
Имате многу добри идеи, но освен нив, потребна е и енергија која вие моментално ја немате. Финансиите ви се добри и имате сигурни приливи. Денес се можни пари од зделка која сте ја заклучиле во изминатиот период. Доколку сте слободни, ќе морате малку повеќе да се активирате. Не чувствувате никаква енергија нити волја за стапување во нова врска.
Девица (23.08 – 22.09)
Не одложувајте ги работите и не анализирајте премногу затоа што и некој друг може да се заинтересира и да ви ја преземе работата. Ситуацијата во партнерските односи се заострува. Време е да почнете да размислувате како понатаму. Ако имате болки во желудникот посетете лекар.
Вага (23.09 – 22.10)
Финансиската ситуација ќе ви се поправи над вашите очекувања. Ако сте студент можно е денес да решите еден голем проблем во врска со испитите. Доколку сте во подолга врска или брак обидете се да ја прикриете љубомората. Таа не е својствена за вас и не би требало да ја покажувате, особено поради тоа што ќе увидите дека воопшто не сте во право
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес невработените ќе добијат покана за разговор. Разговорот ќе биде во текот на наредните денови и ќе морате добро да се подготвите. Ако сте слободни, денес ќе имате шанса да запознаете една личност родена во земјан знак. Шкорпиите што се во брак ќе мора да обрнат внимание на желбите на партнерот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Вашите преговарачки способности ќе бидат на највисоко ниво и успехот ќе ви биде загарантиран. Денес ќе имате потреба да се опуштите и да ги прославите успешните зделки. Во попладневните часови ќе брилирате во друштвото околу вас. Внимавајте да не претерате со фалење.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ако сте невработени денес ќе добиете информација во врска со вработување. Меѓутоа, таа информација се однесува за некој иден период и вам ви преостанува да се надевате дека работите ќе одат според вашите очекувања. Денес ќе имате можност да помогнете на еден член од семејството што ќе предизвика воодушевување во опкружувањето.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ако се занимавате со сопствен бизнис, денес е можно да добиете понуда која во иднина ќе ви донесе зголемување на финансиите. Искористете ги шансите што ви се нудат. Водолиите што се осамени денес имаат шанса да започнат врска. Се работи за личност која веќе подолго време им е пријател, но интимно одамна имаат симпатии кон неа.
Риби (20.02 – 20.03)
Вредно работите на промена на вашите финансии. Тоа се уште не може да се види бидејќи повеќе сакате да трошите отколку да штедите. Денес е можно да добиете поголема сума на пари. Тоа е само почеток. Во наредниот период ве очекува подобрување на финансиите.