Овен
Размислувате да покренете приказна или ситуација со соработник или колега. Денес ќе бидете многу неодлучни и постојано ќе варирате со „за“ и „против“. Мала е веројатноста дека би можеле да постигнете нешто поконкретно, затоа скратете си ги маките и посветете се на обврските. Не бидете нервозни со членовите на семејството.
Бик
Вас ве притиска надредениот, а вие својата нервоза ја пренесувате на другите. Речиси ништо нема да успеете да произведете со вакво однесување, веројатно само ќе направите тензија во опкружувањето. Со партнерот се трудите да постигнете компромис, иако ве излудува неговата тврдоглавост. Веројатно и вие го излудувате него.
Близнаци
Малку недостасува да ја завршите за вас многу битната работа која сте ја започнале. Но, сепак, веројатно дека нема да ја донесете до крајот, макар колку и да се трудите… само ќе се изнервирате… Ако имате емотивен партнер, подобро е денес да ве остави на мир, да не ве притиска. Потребно ви е простор за вас самите.
Рак
Не ги занемарувајте потребите на вашиот сакан, ниту пак дадените ветувања, бидејќи тоа денес ќе биде најголемиот извор на недоразбирања меѓу вас. Покажете дека сте личност која е зрела за сериозна врска. Соло сте? Планетите ќе здружат вечерва за да ве спојат со вистинскиот. Изгледот не треба да ви биде пресуден.
Лав
На работното место ќе имате многу обврски, може да очекувате дека во текот на денот ќе бидете многу зафатени. Состаноци, состаноци, состаноци… На емотивно поле, не ви се допаѓа лицето кое вашиот партнер го покажа и не сте сигурни дали треба да останете во таа врска. Внесувајте повеќе витамини.
Девица
Самоуверени сте и жедни за живот и тоа ја осветлува атмосферата каде и да одите. Подобрете го расположението на вашите пријатели така што ќе им бидете поддршка и рамо за плачење. Имате некои грижи на поле љубов, но темните облаци наскоро ќе се тргнат од сликата.
Вага
Како гром од ведро небо ќе ве удри некоја информација. Слушајте го вашето тело и внимавајте на неговите потреби, ако не сакате да завршите исцрпени во кревет. Правите премногу работи наеднаш и тоа може да биде контрапродуктивно. Атмосферата во врската ви е динамична и полна со ентузијазам.
Скорпија
Заборавете на монотонијата, што и да правите денес. Наместо нештата да ги правите „како вообичаено“, направете ги невообичаени. Одете на планина наместо на кафе, испробајте нов рецепт за ручек… Изненадете ги блиските со вашата нова страна. Дајте им причина за да ве засакаат уште повеќе. Да, тоа е возможно.
Стрелец
На професионално поле, денес ќе имате добра интуиција, и важно е да го слушате својот внатрешен глас при донесувањето на одлуки. Не се сомневајте во своите способности. На емотивно поле, ќе имате добар однос со личноста која ви значи. Можно е да имате низок притисок, што не треба да ве загрижува, но внимавајте да не добиете вртоглавици.
Јарец
Работната недела не ја започнавте баш најповолно. Они коишто ќе работат ќе немаат поволен ден за соработка. Потрудете се генерално да не планирате некои големи работи. На емотивно поле, прашање е дали сте тргнале кон вистинскиот пат со саканата личност. Често се двоумите. Ќе имате проблеми со крвоток.
Водолија
Разбудете ја вашата емпатија и научете да го гледате светот низ туѓите очи наместо постојано да сметате дека вашата перспектива е најдобра. Денес ќе ѝ ја видите дошата на сакана личност ако ѝ дозволите да зборува без да ѝ солите памет. Не се обидувајте да ги промените оние кои не сакаат да се променат. Единствената личност врз чиј карактер можете да влијаете сте вие самите.
Риби
Овој вид на удар навистина не сте го очекувале. Ова може да биде поврзано и за професионалниот и за емотивниот сегмент, во секој случај случка која ќе ве заблокира. Совет е малку да седнете и да размислите пред да изреагирате, бидејќи и тоа како е можно некои работи погрешно да сте ги протолкувале.