Овен (21.03 – 20.04)
Во работата ќе бидете непостојани и склони кон кавги со претпоставените. Внимавајте како се однесувате и што зборувате. Премногу значење ќе им придадете на материјалните работи во животот и ќе започнувате расправии со партнерот. Ќе мора да го заборавите минатото и да продолжите понатаму доколу сакате среќно да живеете.
Бик (21.04 – 21.05)
Не започнувајте нови работи. Отежнатите прилики ви ја нагризуваат самодовербата, а околината, партнерот и соработниците премногу делуваат врз вас. Некои ќе заземат видлив агресивен став како би се снашле во секојдневните битки, други пак ќе избегаат кон забавата без чувства и одговорности.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Големите планови и идеи за кои веќе долго и срамежливо размислувате, полека се менуваат во нешто изводливо и достижно. Сепак сеуште не е дојден часот за да тргнете во реализација и да превземете конкретни чекори. Во меѓувреме позанимавајте се со она што ви го наметнуваат условите.
Рак (22.06 – 22.07)
Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротиното од она што вие сте го замислите.
Лав (23.07 – 22.08)
Самовизијата на иднината и подршката од одреден круг на пријатели ќе ве инспирираат да се спротивставите на работните превирања. Можеби ќе се впуштите во кавги со одговорните луѓе или ќе размислувате за прекинување на работата. Нешто ќе морате да жртувате.
Девица (23.08 – 22.09)
Повеќето од вас нема да бидат воодушевени од деловните обврски. Вашето време со повеќе задоволство би го потрошиле на попаметни работи, но кој вели дека сеуште неможете да имате и пари. Можеби клучот на тоа е да престанете да ги задоволувате другите.
Вага (23.09 – 22.10)
Можно е да реагирате премногу бурно на некој коментар од близок пријател, што не е вообичаена реакција од ваша страна. Обидете се да се контролирате и да не кревате голема врева за ништо. Поминете извесно време сами и концентрирајте се на задачите кои се препуштени во ваши раце.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Голема е веројатноста денес одредена личност да се обиде да ја искористи вашата љубезност, а тоа вас ужасно ќе ве изнервира. Убавата вест е што ќе и се спротивставите и ќе победите. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Сакате да ги испланирате целиот живот однапред но тоа не е можно, тоа ве прави нервозни и напнати. Погледнете на животот од некој друг агол, не можете сите ситуации однапред да ги изрежирате и да гарантирате дека по одреден редослед ќе се случат, мора да постои нешто што ќе се појави ненадејно и ќе го сруши планот. Променете го начинот на размислување и заштитете се од нервозите и тагата.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир. Некое изненадување ќе донесе насмевка на вашето лице.
Водолија (21.01 – 19.02)
Настаните ви излегуваат од контрола особено меѓучовечките односи стануваат извор на промени и возбудувања. Ќе морате да бидете внимателни во отворените пресметки и бучни реакции, но тоа за некои ќе биде еден начин за да можат да се справат со изненадувањата кои ќе им ги подготват другите.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашата ситауција не е сосема стабилна. Ќе треба повеќе да се насочите кон финансиите, бидејќи на тој план ве очекуваат загуби. Сентименталните односи ви се средни и со добра прогноза. Драстичните решенија и промени во најблиската околина ќе остават белези.