Овен (21.03 – 20.04)
Претставниците на овој знак кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и да ја прикривате реалноста ќе ви донесе големи проблеми.
Бик (21.04 – 21.05)
Дел од планетите ви се наклонети но истовремено трпите и влијание на другите планети кои ви ги отежнуваат вашите постапки. Со околината нема да имате никакви пролеми, а особено ќе се сложувате со вашите претпоставени. Некои долготрјани проблеми ќе се активираат и ќе ве присилуваат на потези кои нема да ви бидат пријатни за вас. Без грижи, како и секогаш ќе најдете решение.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Некои Близнаци ќе посакаат во работната околина или во самиот процес на работа да внесат некои новини за што денот е доста погоден. Можеби ќе имате и некој помал успех во работата кој нема многу да ви значи, бидејќи ќе биде резултат на тимска работа. Близнаците од третата декада ќе бидат во нешто подобро расположение од другите претставници.
Рак (22.06 – 22.07)
Ве зафатил бран на позитивна енергија. Работното темпо значително ќе ви се забрза па ќе ви биде потребно многу дисциплина и напор за да можете на обврските адекватно да одговорите. Притисокот и тензијата ќе се зголеми и не ќе бидете во состојба да ги решите некои клучи работи иако на тоа многу ќе се ангажирате.
Лав (23.07 – 22.08)
Животот ви се подобрува, а што е уште побитно ќе се чуствувате способни и јаки да се соочите со постојните проблеми. Неодмереноста на некои Лавови ќе им донесе проблеми на работното место или во контактите со пријателите. Работата ќе ви предизвикува стресови и проблеми, а односите со соработниците ќе ви бидат напнати.
Девица (23.08 – 22.09)
Проблемите ќе останат зад вас. Обидете се да ги намалите непотребните трошоци. Ова е лесно да се каже, но сепак тешто да се реализира. Потрудете се да процените што вреди да купите, а што не. Ќе дознаете некоја долго чувана тајна која максимално ќе ве вознемири.
Вага (23.09 – 22.10)
Поволните финансиски резултати од вашата деловна преокупираност ве тераат секогаш одново да ја одложувате одлуката да го намалите ангажманот на работа, а повеќе внимание да си посветите себе си и на вашето семејство. Бидете внимателни со инвестициите, може многу да погрешите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ова е за вас ден без многу динамика како на деловен така и на емотивен план. Новите деловни договори својата реализација ќе мора да ја причекаат, но тоа нека не ве загрижува, ќе имате време уште еднаш за се добро да размислите. Не навлегувајте во кавгите и дебатите во вашето деловно опкружување.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекуваат некои непредвидени настани, промена на планови и желби и голема динамика ќе ви го исполни денот, но не може да се рече дека тешко ќе се снаоѓате. Покрај тоа до вас се пријателите кои во вистинскиот момент ќе ви помогнат. Во љубовта задоволни ќе бидат само они кои се наоѓаат во сериозни врски.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денешниве настани нема да се движат во посакуваниот правец, но сепак вие ќе умеете добро да се снаоѓате во различните услови на работен план. Ќе умеете да го наметнете своето мислење и да си создадете свои услови. Вашиот партнер често го менува своето мислење и на тој начин кај вас предизвикува нервоза.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе функционирате под влијание на радосни вести и пријатни изненадувања. На професионален план некој ваш соработник ќе ви помогне да преминете во акција и да ја повратите загубената сигурност и надеж. Финансиската ситуација не ви е одлична, но драстично ќе се подобри.
Риби (20.02 – 20.03)
Ве очекуваат некои помали неприлики. Ќе бидете немирни и чуствителни, па најповеќе внимание ќе треба да обрнувате на вашето здравје. Ако почуствувате зголемена потреба да промените нешто добро размислете, бидејќи промените нема да ви бидат поволни.