Овен (21.03 – 20.04)
Денот ви носи можност за нервози поради нешто што не сте успеале да го решите или неможноста да добиете инспирација како да се снајдете во некое ново друштво во чии рамки можеби нема да ви биде пријатно. Верувате во добрите намери на една Водолија или Стрелец кои ви даваат поволни услови за заедничка работа.
Бик (21.04 – 21.05)
Малкумина ве разбираат но на вас тоа повеќе не ви е важно бидејќи сте сигурни дека сте на вистинскиот пат кога станува збор за соработката со лица кои лебдат во облаци. И вие прилично сте расположени со нив да се договорите околу се што ви е важно, а се однесува на нешто на што не можете да влијаете без помош. Всушност посакувате да се впуштите во смел деловен потфат.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вие сфаќате дека морате да ја промените тактиката и да заземете ваш став. Сакате максимално да му се посветите на нешто што ви е исклучително важно, најверојатно се работи за кариерата која никако да тргне во правец во кој вие сакате. Немате сјајна концентрација но не се откажувате од плановите.
Рак (22.06 – 22.07)
Повеќето претставници на вашиот знак овој ден може да им значи можност за добра соработка со лицата кои живеат во странство. На некој му е многу важно да ви даде до знаење дека смета на вас и веројатно нема да ве остави на мир се додека не го направите сето тоа што тој го очекува од вас. Можен е разговор со некој кој долго не сте имале прилика да го сретнете.
Лав (23.07 – 22.08)
Верувате дека сте на правиот пат кога станува збор за работата со која сакате да се занимавате но всушност не ви одговара да правите било каков вид на остапки, а уверени сте дека од вас тоа се очекува. Трудете се да ги повратите вашите позиции во рамките на работата. Работата со странци за вас ќе биде стресна.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес можеби ќе имате дилема како да се поставите кон некој кој ви е исклучително важен за многу прашања, но вие сепак не би се откажале така лесно од своите принципи. Сепак, покажете голема доза на толеранција и ќе бидете подготвени со Ракот и Лавот отворено да разговарате за се што ве оптеретува и ве прави нервозни.
Вага (23.09 – 22.10)
Вие денес најверојатно нема да знаете на која работа да и дадете приоритет. Имате доста трошоци, а многу од нив не ви биле планирани. Трудете се да го најдете најдобриот начин да го организирате вашиот живот. Водолијата и Близнаците ви се од конкретна корист.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Месечината во фаза на полнење ви носи нови можности на професионален план, а ако се поставите пријателски кон некој Рак, Бик или Лав, можете да очекувате нови деловни понуди, зголемување на приходите или некој друг вид на унапредување. Можете да добиете неочекуван повик од странство во вечерните часови.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Се трудите да оставите добар впечаток кај еден Рак кој веројатно ќе го сретнете на денешниот деловен состанок или во деловното опкружување. Ќе бидете расположени за разговор за нешто што ви е навистина многу важно. Очекувате да се вратите во добро познатиот тим со кој некогаш добро сте соработувале. Ќе добиете повик за средба од Вага или Водолија.
Јарец (22.12 – 20.01)
Во вечерните часови добриот аспект меѓу Марс и Венера во вашиот знак и Месечината и Јупитер во Лав може да им донесе сјајни можности на оние кои се занимаваат со спорт, кои имаат големи замисли и идеи и оние кои се подготвени да вложат многу напори за да успеат во она што го сакаат. Многу лица ќе забележат успех во игрите на среќа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Верувате дека би можеле да имате проблеми во комуникацијата со личности кои се поамбициозни од вас или со оние кои сметаат дека можат да го земат она што ви припаѓа. Вашата енергичност ќе ги збуни, а вие вие ќе бидете премногу упорни да се изборите за она што сметате дека ви припаѓа. Во финансиски поглед би можеле да ја добиете шансата за која сте мечтаеле.
Риби (20.02 – 20.03)
Верувате дека ќе можете да влијаете на ставовите на личноста која ви е драга. Можеби ќе имате можност за нова работа, а денот ви носи и некои нови можности за кои сте размислувале и веројатно ќе се потрудите да се поставите онака како што се очекува од вас, особено ако бидете во прилика да покажете некој ваш талент или да се сретнете со еден Лав.