Овен (21.03 – 20.04)
Вашиот приватен живот полека опаѓа. Во ред е да уживате во работата, но правете го тоа умерено. Време е за собир со пријателите, бидејќи последните неколку собири ги пропуштивте поради прекумерното работење. Најдете време и за себе, опуштете се и одморајте.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес сте комплетно сконцентрирани и фокусирани на обврските кои се пред вас. Вашата интуиција одлично ќе ве служи овој ден, па искористете ја најдобро што можете. Фокусирајте се на иднината и се ќе биде во ред, можни се неколку нови одлични пресврти на љубовен план.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но се уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или советот од некоја личност која добро ве познава, како вашиот партнер, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.
Рак (22.06 – 22.07)
Совршен ден за романтичен состанок со вашиот партнер. Изведете го некаде на ручек или вечера, а потоа приредете му изненадување. Доколку не сте во врска можеби токму денес ќе ја сретнете личноста која ќе го промени тоа. Во деловното поле ангажирајте се повеќе.
Лав (23.07 – 22.08)
Размислете малку какви лоши работи сте направиле во претходниот период и извинете се. Некому вашето извинување ќе му значи многу. За подобра релаксација на вашиот ум, размислете за кратко патување. Крајот од денот искористете го за малку тренинг.
Девица (23.08 – 22.09)
Доколу неодамна сте имале несреќа во љубовта, време е да престанете со очајување и да продолжите понатаму со животот. Со тоа ќе тргнете многу грижи од глава. Овој ден ќе ви биде за паметење бидејќи ќе добиете добра вест со која ќе израдувате личност од семејството.
Вага (23.09 – 22.10)
Наместо да бидете опколени со луѓе кои шират негативна енергија, оттргнете се од сите и останете во својот дом посветувајќи си време само на себе. Бидете што повеќе физички активни и со тоа ќе се чувствувате подобро. Ќе добиете среќна вест.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
За подобро расположение бидете хумани. Помагајќи им на другите ќе се чувствувате и вие подобро. Доколку партнерот не ви посветува доволно внимание, разговарајте со него на таа тема. Но, внимавајте и вие да не претерувате со желбите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
За работите кои сметате дека се недостижни, сепак има решение. Потрудете се малку повеќе. Не брзајте во донесувањето на одлуки, консултирајте се со најблиските. Посветете си повеќе внимание и на себе.
Јарец (22.12 – 20.01)
Гледајте се почесто со пријателите и забавувајте се повеќе. Што се однесува на љубовно поле, почнете да преземате иницијатива. Работите нема да ви да паднат од небо ако само чекате. А оние кои се во врска, крајно време е да почнат да размислуваат како повторно да внесат возбуда во врската.
Водолија (21.01 – 19.02)
Крајно време е да престанете да се грижите за обврските и да почнете да размислувате малку позитивно. Не е крај на светот ако неколку недели по ред не ви се случува нешто за пофалба. Земете ги работите во свои раце. Поканете ја на состанок личноста која ви се допаѓа.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес очекувајте разговор со некоја пријател кој ќе ви ги отвори очите во врска со некоја заблуда која сте ја имале. Немојте да се навредите и размислете двапати дали е во право. Ве очекуваат пари, без разлика дали се работи за некој подарок, бонус, или враќање на некаков долг.