Овен (21.03 – 20.04)
Родените на средина на знакот можат да имаат корист од соработката со Близнаци, Водолија или Девица. На некој му е исклучително важно да ве види и да разговара со вас за продолжување на соработката. Добивате поволни вести од Јарец или Бик. Потребни ви се соработници кои се на вашето ниво.
Бик (21.04 – 21.05)
Претстојат напнати односи во соработката со Водолија или Девица… Не влегувајте во било какви разговори кои можат да ве извадат од такт, особено не ги разгледувајте принципиелните прашања од кои немате никаква корист. Ги подржувате идеите на некоја Водолија на која и се восхитувате.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Поголем дел од енергијата која ја поседувате ќе ви ја донесе работата. Можеби ќе влезете во некоја нова работа или нова работна средина. Ќе ви биде овозможено да користите било каква погодност туѓи пари, кредит и сл. Бидете штедливи и не влегувајте во нелегални комбинации.
Рак (22.06 – 22.07)
Ве очекуваат нови возбудувања можеби поврзани со некакво патување. Контактите со странство ви се позитивни. Ќе се двоумите околу покажувањата на чуствата, минатите искуства ви ги нарушуваат сегашните прилики. Некој пријател ќе ве поттикне да правите посмели чекори во животот.
Лав (23.07 – 22.08)
Само оние кои добро ве познаваат можат со вас да излезат на крај. Полни сте со планови но и со грижа дали ќе успеете, истовремено ќе бидете ранливи и чуствителни на забелешките од другите. Интензивно ќе се дружите со партнерот, но постои можност од мало разочарување.
Девица (23.08 – 22.09)
Од пријателите денес можете да очекувате сосема конкретна помош, што ќе ви олесни околу донесувањето на некои одлуки како и решавање на некои проблеми. Ако имате план да и се доближите на некоја личност од спротивниот пол најпрво дознајте дали личноста е слободна, дури потоа прејдете во офанзива.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе ви се заострат семејните односи а треба додатно да се внимава и на љубовните врски, бидејќи ќе бидете склони кон љубомора, вербални судири и чудно расположение. Негувајте го оптимизмот и покажете ги вашите способности, ако сте се двоумеле за некое патување тогаш не го одложувајте.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе размислувате и ќе разговарате за вашата иднина, но заклучокот нема да зависи од вас. Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговара, додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореалните кругови.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Објективните околности нема да ви дозволат работата да ја доведете до крај. Без грижи тоа ќе трае многу кратко така што ќе имате време се да поправите. Постои можност да заминете на некој службен пат. На љубовен план ве очекува средба со некоја за вас сродна душа.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ви се укажуваат повеќе прилики да запознаете неколку личности со кои ќе можете да остварите бурна врска. Вие сте на потег да бирате. Може да се случи и малку да претерате со страстите. На работното место ги привршувате работите кои порано сте ги започнале, а за тоа ќе ви биде овозможена пријатна работна атмосфера.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. Најубаво ќе се чуствувате во вашиот дом.
Риби (20.02 – 20.03)
Некои нови прилики во семејниот живот како и можноста за купување на недвижнини, градење, премногу ќе делуваат врз вас. Ќе промените нешто во вашиот секојдневен живот, па сето тоа заедно ќе ви создава стресна ситуација. Во љубовта можеби малку ќе се одалечите од партнерот.