Овен (21.03 – 20.04)
И покрај малите недоразбирања со некој од вашите пријатели, расположението ќе ви биде на ниво. На љубовно поле ве очекува мала промена, а тоа најверојатно ќе се случи во текот на вечерните часови. Препуштете се на спонтаноста и дозволете чувствата да ве водат.
Бик (21.04 – 21.05)
Би можела да ве налути себичноста на партнерот или неговите егоистични постапки. Разговарајте за тоа. Околностите ви се наклонети за работа. Можни се добивки и награди. Внимавајте на здравствената состојба. Пробајте си ја среќата во игрите на среќа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
На работното место се оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите. Однесувањето на партнерот ќе ве поттикне на вербални пресметки. Обидете се да сфатите дека не можете сами да одлучувате за се, потребно е да го вклучите и партнерот.
Рак (22.06 – 22.07)
Извесна е некоја материјална добивка. Очекувајте и понуда за добра заработувачка која е пожелно да ја прифатите. Некои ќе бидат изненадени од некој луксузен подарок. Патувањата ве прават среќни особено ако се збогатени со интересно друштво.
Лав (23.07 – 22.08)
Околностите се погодни за зближување со лице што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето заклучоци држете се до фактите.
Девица (23.08 – 22.09)
Во текот на денешниот ден ќе размислувате за некои планови и одлуки кои ќе сакате да ги реализирате во иднина. Потрудете се да соберете што можете повеќе совети од блиските лица. Ќе добиете повик кој ќе ја поттикне вашата загриженост дека нештата нема да се одвиваат онака како што сакате.
Вага (23.09 – 22.10)
Доволно сте разумни за да ги одбраните своите ставови. Не преземајте ризици за да немате финансиски проблеми. Бидете искрени кон саканите. Понекогаш треба да го смените начинот на перцепција за да се заштитите. Добро ќе ви дојде психофизичка релаксација. Некој Бик ви нуди помош за совладување на препреките, прифатете ја.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Понекогаш треба да делувате брзо и одлучно без премногу тактизирање. Со саканата личност уживајте во работите кои ви се заеднички. Потпрете се на интуицијата. Посветете внимание на различните информации кои ги добивате за да можете коректно да ги завршите работните задачи. Внимавајте на однесувањето со колегите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Бидете поодлучни и дејствувајте веднаш. Нема да ви биде лесно да си одделите енергија за проблемите на другите луѓе, но ќе бидете принудени да го направите тоа. Сочувствувајте со ваш колега или пријател и дајте му пријателски совет.
Јарец (22.12 – 20.01)
Најдобро е да стоите блиску до стабилни личности кои избегнуваат игри и за кои знаете дека немаат скриени намери. Не останувајте зачудени ако луѓето се однесуваат необично. Тие ќе направат се за да се истакнат и да застанат во центарот на вниманието.
Водолија (21.01 – 19.02)
Се повлекувате во сопствениот свет, го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени. Уживајте во тоа што ви се нуди, не се оптоварувајте со хипотетички прашања. Обрнете внимание на вашите соработници, тие ви сугериираат нешто што за вас е доста корисно.
Риби (20.02 – 20.03)
Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да ја започнете неделата, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Нема да знаете во што или кому да верувате. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите.