Овен (21.03 – 20.04)
Се чувствувате добро во друштво на личноста која има разбирање за вас и која се труди да ви помогне што побрзо да решите еден важен проблем. Можен е состанок со некој кој ќе ве ангажира за работа во некоја голема приватна компанија. Не донесувајте одлуки набрзина, под влијание на Ракот.
Бик (21.04 – 21.05)
Ова би можел да биде за вас многу стресен ден ако не сте во состојба да го толерирате однесувањето и ставовите на соработниците кои ви поставуваат невозможни услови. Се трудите никој да не ве примети дека околу нешто се двоумите. Ќе биде потребно да се привикнете на некоја новонастаната ситуација.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Се трудите да го дадете максимумот од себе и не се впуштате во непотребните расправии со оние кои ве нервираат или не знаат што сакаат. Имате можост да започнете некоја нова работа, во која постои можност вашето хоби да го претворите во пари. Озборувањата околу вас неповолно ќе влијаат на вашето расположение, но љубовта од партнерот ќе ви помогне да продолжите напред.
Рак (22.06 – 22.07)
Не се откажувајте од планот за работа со некои Близнаци или Лав. Ако имате врска со уметност, јавните професии или спортот, денес ќе имате возбудлив ден. Финансиската ситуација би можела многу брзо да се среди со помош на некоја Водолија со која отсекогаш добро сте се согласувале. Лавот може да ви позајми пари ако ви се потребни.
Лав (23.07 – 22.08)
Направете си распоред, така што ќе ги завршите сите ваши обврски денес. Усогласете ги климатските услови и креирајте некакво задоволство. Но сето тоа не правете го сами, подобро ќе ви биде во добро друштво. Новите работни обврски иако не ви одговараат прифатете ги со насмевка, тоа можеби е само тест за вас.
Девица (23.08 – 22.09)
Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир. Некое изненадување ќе донесе насмевка на вашето лице.
Вага (23.09 – 22.10)
Добриот аспект помеѓу Месечината и Плутон поволно се одразува на вашите финансии и на можноста за склучување на договор со странци. Подготвени сте со некој да преговарате и да направите компромис. Многу сте практични и не сакате да ги пропуштите добрите шанси инсистирајќи на нешто што не е во ваш интерес.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Се трудите да бидете во добра физичка форма бидејќи сте свесни дека ве очекуваат прилично големи напори кога станува збор за работата која бара големо трпение, концентрација и пред се добра комуникација со соработниците. Можете да најдете заеднички јазик со некој Лав роден во јули или со Близнаците родени во мај.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес многу нешта можат поволно да се рефлектираат на вашиот знак. Во претпладневните часови родените во последната декада од знакот можат да ја постигнат целта ако бидат подготвени да се вклучат во некој нов бизнис дури и ако тој не се одвива според нивните услови. Многу брзо ќе ја сфатите предноста на таквиот став.
Јарец (22.12 – 20.01)
Станувате многу ангажирани на работа но и загрижени бидејќи ви се чини дека не можете целосно да владеете со ситуацијата поради некој Јарец или Шкорпија кои ви наметнуваат услови за работа. Не се нервирајте ако соработниците ви предложат нешто што ќе ве чини пари, бидејќи наскоро инвестицијата ќе ви се врати двојно.
Водолија (21.01 – 19.02)
Во вечерните часови добриот аспект меѓу Марс и Венера во вашиот знак и Месечината и Јупитер во Лав може да им донесе сјајни можности на оние кои се занимаваат со спорт, кои имаат големи замисли и идеи и оние кои се подготвени да вложат многу напори за да успеат во она што го сакаат. Многу лица ќе забележат успех во игрите на среќа.
Риби (20.02 – 20.03)
Родените на средина на знакот можат да имаат корист од соработката со Близнаци, Водолија или Девица. На некој му е исклучително важно да ве види и да разговара со вас за продолжување на соработката. Добивате поволни вести од Јарец или Бик. Потребни ви се соработници кои се на вашето ниво.