Овен (21.03 – 20.04)
Ова би можело да биде за вас сосема солиден ден ако бидете расположени да ги слушате оние кои на некој начин се на повисока позиција од вас. Не навлегувајте во полемики кои не водат никаде и поради кои повеќе пати сте доаѓале во конфлик со оние кои всушност ви се наклонети. Многумина мислат дека сте прилично наивни во работата со Ракот.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате многу нешта за кои би разговарале со некој Лав, Рак или Девица и поготвени сте на отстапки кога станува збор за работа со странци. Не сакате премногу да се ангажирате за работите кои не ви носат прилично добра финансиска корист. Сакате што порано да го видите резултатот од своите напори.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Транзитот на Месечината преку Лав ви носи оптимистично расположение и позитивно делува на многу претставници од вашиот знак, ви поттикнува самодоверба особено ако сте подготвени да влезете во некоја нова работа со оние за кои знаете дека се тешки како соработници. Една Вага, Лав или Овен можат да ви дадат многу интересни и продуктивни предлози.
Рак (22.06 – 22.07)
Совршено ви одговара транзитот на Месечината преку Лав и ви носи засилена интуиција но тоа не мора секогаш да биде најдоброто решение за вас. Раководени сте од некои внатрешни импулси кои можат да ви бидат некој вид на показател во кој правец треба да ја насочите својата кариера. Добра соработка со некој Бик.
Лав (23.07 – 22.08)
Останете доследни на себе и покрај тоа што таквото размислување може да се заврти против вас ако бидете нереални во своите амбиции. Не сте подготвени премногу да се вклопите и сложите со друштвото, сметате дека тоа има премногу барања. Не се обвинувајте за секој неуспех, научете да продолжите понатаму.
Девица (23.08 – 22.09)
Меркур, владетелот на вашиот знак во Вага ве прави подготвени да се вклучите во работата во чии рамки би морале да комуницирате со голем број на луѓе. Не се откажувајте од своите планови само затоа што некои Близнаци или Овен не ви се наклонети или ви поставуваат некои услови кои не ви одговараат.
Вага (23.09 – 22.10)
Транзитот на Сонцето преку Шкорпија може да значи поенергичен тон во начинот на кој комуницирате со соработниците но истовремено можете да бидете и исклучително амбициозни во врска со некоја нова работа за која не сакате да зборувате. Позицијата на Венера, владетелот на вашето астролошко поле за партнерски односи ви носи бројни можности за заработка преку пријатели.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Некој смета на вас но вие ќе му дадете на знаење дека сакате да бидете максимално самостални во одлуките. Немате потреба на никого да му делите совети, без оглед дали се работи за мали или големи проблеми. Многу сте популарни во друштвото во кое ретко кој може да ви биде конкуренција, без оглед со што се занимавате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Транзитот на месечината преку Лав и транзитот на Сонцето преку вашето астролошко поле за тајни и непријатели може да ви донесе двоумење меѓу два проекти или меѓу државна и приватна компанија, но и појава на нови непријатели и намалени можности. Можете да се надевате на добар развој на работите само доколку побарате помош од Јарец или Водолија.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ова би можел да биде исклучително поволен ден за оние претставници од овој знак кои се подготвени да започнат некој нов проект заедно со некој, најверојатно заедно со Лав, Вага или Бик. Стрелецот или Овен не се баш сјајни партнери во моментов, а не е пожелно да ги прашувате ниту за совет.
Водолија (21.01 – 19.02)
Потребно е да се привикнете на условите кои ви ги наметнува некоја Вага, Близнаци или некој Лав. Транзитот на месечината преку Лав значи за вас нова деловна можност и шанса да дојдете до некоја подобра работа со помош на некој Бик или Водолија. Би требало да го решите прашањето за долговите кои ве измачуваат подолго време.
Риби (20.02 – 20.03)
Напорен ден за повеќето претставници на вашиот знак кои немаат мир поради работата и амбициозните планови. Се чувствувате способни за големи работи и веројатно ќе ви појде од рака да се договорите со некој кој ви нуди добри услови за работа околу нешто што на вас комплетно ви одговара.