Овен (21.03 – 20.04)
Подготвени сте да се борите за она што ви значи. Во состојба сте лесно да стапите во контакт со новите соработници, но имате многу барања. Чувствувате потреба за проширување на работите и на некои други дејности, најверојатно кон недвижнини. На некој сте му замериле нешто и тоа лице повеќе не сака да контактира со вас.
Бик (21.04 – 21.05)
Очекувате да ви се јави некој кој повеќе пати ви понудил помош или работа. Можно е да добиете таков повик од некоја Риба која многу добро ве познава. Можноста за соработка со некој Стрелец е одлична. Не се измачувајте со постојаното размислување за проблемите кои се случуваат во приватниот живот, бидејќи тие постојат во сечиј живот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Трудете се да покажете подготвеност за соработка со некој кој често бил фер со вас, па сега да му се одолжите. Тајниот договот кој го имате со некој соработник или роднина, особено со некоја Девица или Овен ќе ви донесе добри резултати но ќе ве изненади фактот дека за него многумина знаат. Потебен ви е добар маркетинг, доколку сакате повеќе да напредувате.
Рак (22.06 – 22.07)
Би требало повеќе да се потпирате на советите од некое лице кое е често наметливо но ви го посакува само најдоброто. Потребно е самостојно да се ангажирате на работа, престанете да барате помош од колегите. Можно е проширување на соработката со Јарец или Стрелец, без оглед дали станува збор за домашни или бизнис планови.
Лав (23.07 – 22.08)
Не би требало премногу да се расфрлате со парите, да давате позајмици, особено не на оние кои не заслужиле. Ќе добиете повик од Риба или Рак, а доколку имате намера да ја проширите соработката со Шкорпија, Близнаци и Девица тоа би можело да биде почеток за нешто ново и подбро. На некоја Риба или Јарец им е важно да соработуваат со вас.
Девица (23.08 – 22.09)
Од вас се бара да се поставите малку поеластично и да бидете малку поприлагодливи отколку досега. Растргнати сте помеѓу професионалните и личните обврски. Имате многу желби и се обидувате да ускладите се во животот, но тоа не ви оди од рака. Некој Бик врши некаков притисок врз вас, а вие многу сте нервози поради тоа.
Вага (23.09 – 22.10)
Не се двоумете да повикате некој кој би можел да направи многу нешта со цел да реши некој ваш проблем. Можно е да станува збор за пријател кој отсекогаш ви бил од корист. Немојте непотребно да се нервирате поради нешто што не можете да го решите во краток временски период. Соработката со Риби може да биде многу ризична.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денот добро се рефлектира на претставниците од вашиот знак, особено на оние кои мораат да решаваат некакви правни прашања или имаат многу непријатели. Имате впечаток дека малкумина се оние кои ве остаат мирно да живеете, и дека сите премногу очекуваат од вас. Се чувствувате сјајно во друштво на еден Бик кој ви помага да го решите финансикиот проблем.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Подготвени сте да ризикувате кога станува збор за новата работа и подготвени сте да направите нешто што никој не очекува од вас со цел да се прилагодите во околината. Некој Овен премногу ќе се наметнува. Шкорпијата или Јарецот ќе ви постават услови за кои не сте подготвени. Некоја Вага ќе ви даде одлична идеја за нов бизнис.
Јарец (22.12 – 20.01)
Малку сте нетрпеливи поради што можете да направите нешто што не ви оди во прилог. Можно е да влезете во конфликт со некој Овен или Шкорпија. Би требало да ги испланирате вашите обврски со цел да стигнете се на време. Останете доследни на својот став без оглед на цаната која ви се нуди.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не би било мудро да навлегувате во расправија со некој Бик или Рак, особено не ако немате добри причини за тоа. Не земајте се при срце, олабавете малку. Ќе добиете повик да се сретнете со Риба или Девица во врска со некоја работа која сте ја планирале заедно. Покажете добра волја.
Риби (20.02 – 20.03)
Верувате во можноста да се сретнете со некој кој ви ветил заедничка соработка. Сепак ако станува збор за некој Рак или Бик или пак некои други Риби, ќе бидете прилично нетрпеливи и ќе ги изнервирате со вашето однесување. Би можеле повеќе да заработите доколку ја слушате интуицијата. Вашата тврдоглавост ќе ви донесе проблеми во комуникацијата со Овен или Шкорпија.