Овен (21.03 – 20.04)
Сонцето и Уран ве прават исклучително остроумни и подготвени да влезете во некоја ризична работа. Обидете се да најдете начин како да ги заштитите вашите интереси. Не влегувајте во расправии со околината, туку поттикнете ја повеќе да работи. Ќе слушнете убава вест која дополнително ќе ви го разубави денот.
Бик (21.04 – 21.05)
Марс навлезе во вашиот знак, а вие станувате поенергични но и малку бавни и недоволно ефикасни бидејќи немате многу трпение. Една Шкорпија може да ви помогне да дојдете до работата која ја сакате, односно на некој начин ќе посредува меѓу вас и личноста која ќе одлучи за вашиот статус. Очекувајте повик од Вага или Риба.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Добро се согласувате со Близнаците и Лавовите кои совршено ве разбираат кога станува збор за работата. Би требало да им се посветите на вашите интереси бидејќи имате шанса да успеете во работата која можеби сега ви е хоби или со која во моментов се бавите. Ќе забележите успех, кој вашата иднина во целост ќе ја подобри.
Рак (22.06 – 22.07)
Бидете претпазливи во вложувањето пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас дејствуваат мошне сериозно. Во зависност од личното интересирање или мотивација, одберете работа која носи најдобри резултати. Ве очекува пријатна вест од семејството.
Лав (23.07 – 22.08)
Во однос на работата денешниот ден ви носи успех поголем од очекуваниот, иако сте почнале да го губите трпението. Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Преиспитајте се добро. Започнете со физички активности, вашето здравје има потреба од тоа.
Девица (23.08 – 22.09)
Колку повеќе работи се обидувате да завршите, толку повеќе проблеми се појавуваат. Тензиите пополека но сигурно се зголемуваат. Побарајте мислење од пријател на кого му верувате и воздржете се од донесување нелогични одлуки. Некои планови кои сакате да ги остварите, ќе биде потребно да ги одложите за некој нареден поповолен период.
вага1
Вага (23.09 – 22.10)
Денес ќе биде неопходно да направите компромис за да избегнете непосакуван конфликт. Бидете трпеливи за да го завршите денот со насмевка. Можна е некоја кавга со некој Бик но воздржете се од таквата ситуација, еднаш и вие мора да попуштите. Овој период ќе бидете нетрпеливи да купите се што ќе видите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекува некој проблем на работното место. Обидете се што можете побезболно да го решите, бидејќи во спротивно ќе стане уште полошо. Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат. Доколку имате скриени намери, откажете се од нив, бидејќи лесно ќе бидете прочитани.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Бидејќи молчите и трпите околината за вас мисли дека вие воопшто немате никакви проблеми. Никој не може да го разбере вашето достоинствено држење во кризните ситуации. Моментално е многу чувствителна вашата финансиска состојба. Каде и да се завртите сите бараат пари, а работните проекти доцнат. Па затоа за денеска се советува само трпение.
Јарец (22.12 – 20.01)
Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Се натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.
Риби (20.02 – 20.03)
Интелектуално сте многу силни и ќе постигнувате добри резултати во учењето, пишувањето, анимирајќи ги другите за нови активности. Силната физичка поврзаност со партнерот ќе ви ја врати страста во вашата врска. Слободните ќе зрачат со нагласена сексипилност. Прифатете ја поканата за ручек, бидејќи можете да сретнете привлечна личност.