Овен (21.03 – 20.04)
Бидете внимателни денес, затоа што некој ќе се обиде да ви посмета во односот со саканата личност. Се чини дека конфликт ќе настане околу погледите на врската кои ви се во целост различни. Нерамнотежата меѓу забавата и реалната ситуација полека ќе ги потопуваат темелите на вашиот однос. Решете го тоа што е можно поскоро!
Бик (21.04 – 21.05)
Токму кога ќе помислите дека се убаво сте испланирале и се оди како што треба, ќе ве погоди Аморовата стрела и ќе поматите се што познавате. Љубовта ќе ви помати се што е поврзано со работата, па нема да знаете ниту каде сте, ниту што ви се случило. Се е важно, а рамнотежата е на најдобар пат, па тргнете по него.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Срцето ви чука како лудо и е во состојба да побегне во романтичниот свет на мечти во кој ќе имате главна улога. Лоша вест е што некој ве здржува во реалноста. Можеби и вашата свест има приговор што се однесува за некои работи кои се недовршени и бегате од соновите, па сепак обидете се на некој начин да ги оттргнете.
Рак (22.06 – 22.07)
Денеска би можело малку да се нервирате додека се обидувате да откриете што е најдобро за вас и што треба да сторите. Опуштете се и дозволете му на детето во вас храбро да ве води кон ситуациите кои најмногу ви значат. Немојте да дозволите чувството на должност да ве држи втемелени, таквиот пристап ќе ви ја одземе креативноста.
Лав (23.07 – 22.08)
Вашата романтична страна денеска ќе излезе во прв план. Што повеќе се посветите на тоа, толку повеќе ќе бидете среќни и задоволни со себе. Немојте само да заборавите секогаш да имате една нога цврсто на земјата. Бидете искрени и практични и нема да погрешите, вам љубовта ви е многу важен дел од животот без кој тешко функционирате.
Девица (23.08 – 22.09)
Денеска ќе се посветите на вашите должности. Ви се чини дека деновите само минуваат, а вие немате време ниту за било што важно во вашиот живот. Во се ќе морате да ја вметнете и љубовта. Веројатно нема да ви биде лесно на почетокот, но да бидете посреќни ќе мораат сите области да функционираат, па дури и оние кои ви се чинат помалку важни.
Вага (23.09 – 22.10)
Денеска би можеле да имате проблеми со две различни страни . Ќе морате да направите некои прилагодувања со цел да можете да ги исполните сите ваши должности и одговорности на време. Блиска личност ќе ви пречи во исполнувањето на тие должности.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Напнатоста денеска ќе биде доста голема во оглед на тоа колку луѓе ќе сретнете и во кои се ситуации ќе се најдете. Ќе имате силна потреба за стабилност и дисциплина, додека останатите ќе бараат само забава. Ќе останете заглавени меѓу тие два света, а никој нема да биде подготвен за компромис.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Вие сте тука со цел да се забавувате, а среќата е вашата основна цел. Денес потсојно ќе се потестувате на тоа, особено додека силите ќе се обидат да ве одвојат чувството на среќа кое го имате. Препознајте ја и потребата за структура и стабилност, но немојте да дозволите тоа да ви ја одземе животната радост која ви дава сила да ги издржите сите проблеми.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе ја препознате користта од стабилен и структуиран ден како овој. Оваа практична енергија ќе ви ја одземе забавата од денешниот ден. Можеби нема да разберете веднаш, но среќата ќе заминува како капка по капка. Држете ги работите кои ви даваат страст и смисла на живот, а меѓу нив главни се токму тие кои ќе ви се чинат дека не се атрактивни.
Водолија (21.01 – 19.02)
Доколку не бидете внимателни со зборовите, тензијата би можела да расте. Енергијата ќе ве влече на една и друга страна, па ќе се чувствувате растргнато. Ќе бидете концентрирани на се додека останатите ќе бидат концентрирани на самите себеси. Традиционалниот на комуникација нема да ви помогне, па искористете ја имагинацијата, ќе бидете одлични!
Риби (20.02 – 20.03)
Добро следете се што се случува околу вас и размислете за вашите потези пред да тргнете во акција. Силната енергија околу вас ќе ја влече ситуацијата на своја страна, додека вие ќе се обидете да ја одржите малку во рамнотежа. Запамтете дека најдобрите резлутати најчесто доаѓаат во комбинација со неколку различни начини.