Овен (21.03 – 20.04)
На работа сте повеќе од одлични, работите многу и ги завршувате сите обврски навремено. Внимавајте да не ја вложувате сета енергија и да зачувате нешто и за останатите денови, бидејќи ви следат важни одлуки и разговори. Ќе бидете расположени за интеракција и остварување контакти.
Бик (21.04 – 21.05)
Вратете им се на забавните активности и подарете си безгрижен ден, исполнет со друштвени средби. Денес Меркур, планетата на комуникацијата, влегува во Водолија, вашиот сектор на пријателите и групните активности, каде ќе остане до крајот на месецов. Тоа значи дека ќе бидете неуморни кога станува збор за социјализирање.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Под влијание на Месечината ќе бидете пречувствителни, па длабоко до вас ќе допираат нешта кои во други околности би ги игнорирале. Не се плашете од емоциите – независно од тоа дали се позитивни или негативни. Ќе бидете пријатно изненадени од однесувањето на некоја личност кон вас. Многу луѓе гледаат на вас со почит и вие тоа допрва ќе го дознавате.
Рак (22.06 – 22.07)
Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да ве контролираат. Подобро е денес да се концентрирате на оние проблеми кои можете да ги решите, наместо на нешто од минатото кое не можете да го промените. Закажете средба со поранешните соработници, ќе ви се отвори можност за дополнителен профит.
Лав (23.07 – 22.08)
Во вас ќе врие позитивна енергија, која ќе ве исполни со оптимизам и желба за авантури. Виновник за тоа е Меркур, кој делува на вас и кој ќе започне тринеделно патување низ вашиот сектор на оптимизмот, авантурите и патувањата. Некои претставници на овој знак ќе имаат можност да отпатуваат некаде. Ќе бидете незапирливи кога ќе наумите да направите нешто. За среќа, ве очекуваат само пријатни мигови.
Девица (23.08 – 22.09)
Бидејќи вербално во толкава мерка се испразнивте, носите одлука да бидете помили и поодмерени во комуникацијата со околината. Немате време за губење, зашто новата работа и инвестициите премногу ве окупираат за да се посветите само на тоа. Другите работи се во втор план. Но, сепак внимавајте на вашето однесување со околината, премногу сте емотивни.
Вага (23.09 – 22.10)
Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале одамна. Можеби тие ќе бидат и од друго место, сосема неочекувано, но не и изненадувачки. Уживајте во средствата но не ги трошете сите, ставете некој денар на страна.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Дозволете и на љубовта да ви го разубави денот. Денес Меркур, планетата на комуникацијата, ќе влезе во вашиот сектор на сериозните врски и обврзувањето, носејќи ве што поблиску до саканиот. Доколку сте во врска, ќе комуницирате хармонично со саканиот и ќе се поврзете уште посилно преку искрени и забавни разговори. Доколку не сте во врска, ова е одличен момент за оформување на нова.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Летате многу високо и уживате во успехот кој го постигнавте во изминатиот период. Денес би можеле да постигнете уште една цел која ќе придонесе да ја зголемите самодовербата и самопочитувањето. Сега е вистинскиот момент да испланирате дополнителна едукација. И понатака имате потреба да ги проширите вашите хоризонти. Тоа е многу позитивно, продолжете така.
Јарец (22.12 – 20.01)
Во фаза сте на материјална експанзија. Станавте вистински скржавец, кој само ги брои парите. Бидејќи имате многу трошоци, нема да дозволите лесно да ги потрошите парите. Направивте план и од тоа нема да отстапите. Можни се здравствени проблеми, предизвикани од лош метаболизам, па диетата е идеално решение.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес ќе бидете позборлести и подружељубиви од вообичаено. Меркур започнува тринеделно патување во вашиот сектор на комуникацијата, инспирирајќи ве да остварувате контакти со што повеќе луѓе. Иако еуфоријата и случувањата околу вас се послаби, вие ќе ги оживеете со вашата желба за забава. Некои Водолии може да запознаат потенцијален партнер на културен настан во рамките на местото на живеење.
Риби (20.02 – 20.03)
Влеговте во поповолен период, па се ви изгледа поедноставно. Очекувате многу од некои случувања врзани за странство. Некаков повик од далеку или писмо ќе влијае на некои ваши одлуки. Од корен го менувате пристапот кон проблемите, зашто стимулансите стигнуваат кога најмалку се надевате. Мотивирани сте за нови почетоци.