Овен (21.03 – 20.04)
Не е мудро да навлегувате во расправии со Стрелец или Рак, особено ако немате добри причини а темата се однесува на пари. Имате неколку начини како да пласирате идеи и што побрзо да ги претворите во пари. Ќе добиете повик да се сретнете со некоја Риба или Девица во врска со некоја заедничка работа.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес нема да бидете особено комуникативни и друштвени, па не ги прифаќајте поканите за средби само за да покажете дека сте лојален пријател. Сите околу вас го знаат тоа, не треба да им го докажувате. Желбата за подобрување на друштвениот живот ќе ви се појави по зајдувањето на сонцето, па со возбуда ќе ги планирате вечерните средби.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вашето претпладне е исполнето со контакти, додека попладнето може да ви наложи да имате кратко патување. Ве очекува многу работа, која ќе бара ваше целосно внимание и посветеност. Бидете подготвени да ги исполоните работните обврски.
Рак (22.06 – 22.07)
Денеска ќе морате да бидете истрајни и подготвени на сите искушенија во деловноста. Контролирајте ја импулсивноста. Мислите дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекува мирна работна атмосфера. Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите.
Девица (23.08 – 22.09)
Одморете се, наполнете ги батериите и уживајте. Не е се така црно како што ви се чини на прв поглед. Семејството ќе биде вашата најголема поддршка. Некои проблеми од минатото ќе се појават пред вас, не дозволувајте да ве поразат, прескокнете ги и заборавете ги засекогаш. Здравствената ситуација ви е одлична.
Вага (23.09 – 22.10)
Сакате да напредувате, но ништо не преземате во врска со тоа. Сакате поголема плата но не се нафаќате на поголеми обврски. Променете го начинот на размислување. Во домот и семејството ќе завладее хармонија. Уживајте во овој поволен период кој ви претстои.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Имате проблеми на работното место кои не знаете како да ги решите. Помошта која ви ја нудат колегите е добредојдена, потрудете се да ја подобрите ситуацијата. Во домот постои некое недоразбирање кое сакате што поскоро да го решите. Можеби ќе бидете изненадени од постапката на роднините.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Сакате да се опуштите и да го ослободите мозокот од постојаните планирања на иднината која всушност не зависи само од вас. Треба да го прашате и партнерот кои се неговите планови, но вие мудро си молчите. Постои можност да се расправате со вашето пошироко семејство. Избегнете ја кавгата доколку можете, бидејќи многу лица ќе го сменат нивното размислување за вас.
Јарец (22.12 – 20.01)
Сакате да се реализира некоја ваша замисла, но потребно е малку повеќе да се потрудите. Ќе ве повикаат на некој деловен разговор на кој ќе бидете успешни и ќе преземете нов проект од кој ќе профитирате. Среќни сте и задоволни со партнерот, затоа возвратете му ја грижата и љубовта.
Водолија (21.01 – 19.02)
Постои опасност да се скарате со некоја драга личност, затоа не претерувајте туку послушајте го нејзиниот совет. Ќе се влучите во некоја организација во која ви претстои успех како во полето на кариерата така и во љубовта. Можно е да отпатувате на неколку дена, остварете контакти со вашите поранешни соработници.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес конечно ќе соберете смелост и ќе поведете храбри битки. Се разбира, вашата решителност и цврстиот став во клучните моменти ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната победа. Единствената мисла која секогаш треба да ја имате на памет е да не ги погазувате сопствените принципи.