Овен (21.03 – 20.04)
Ако во подзнак сте некој воден знак, бидете многу внимателни многумина едвај чекаат да ве вклучат во некој конфликт. Марс во вашиот знак но и Месечината во Рак можат да значат премногу напнатост во разговорите кои се однесуваат на недвижнини, пари или вашето работно место, особено ако сакате да го промените.
Бик (21.04 – 21.05)
Сакате да направите нешто но некој ве спречува. Вашиот партнер ве води во погрешна насока, постои можност за кавга со семејството. Размислете реално, дали некој заслужил лошо да се однесувате со него. Туѓата среќа треба да биде и ваша, научете го тоа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Нема ништо лошо во тоа да бидете амбициозни се додека се враќате чекор назад за да се насладите на плодовите на својот труд. Не изигрувајте детектив за да го откриете значењето на нечија збунувачка порака. Едноставно прашајте и ќе ви биде одговорено. Партнерот ќе посака нешто повеќе од вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Скршнете од својот пат и разговарајте со личности надвор од вашиот друштвен круг. Тие ќе ви откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. Споделете со партнерот проблем во врската за кој е неопходно брзо решение. Отвореноста ќе резултира со компромис.
Лав (23.07 – 22.08)
Контактите со странство се од голема важност и ви се отвараат врати за нови комбинации и работи. Постои можност за патување или пак посета од далеку. Не ги доверувајте вашите тајни на секого.Постои можност за мала финансиска грешка, внимавајте.
Девица (23.08 – 22.09)
Раководени од интуицијата ќе сфатите дека некаде сте погрешиле. Вашето семејство и најблиските ве разбираат но не можат да ви помогнат бидејќи и тие се во тешка ситуација. Вашите барања се преголеми, па затоа ќе владее нервоза и несогласување. Преиспитајте ги одлуките.
Вага (23.09 – 22.10)
Нервозни сте секогаш кога сте оптеретени со обврски и секогаш кога мислите дека нема да стигнете да ги завршите сите. Денес би можеле непотребно да се форсирате и само да се наполните со нервоза. Не навлегувајте во расправии со Риби, Стрелец или Лав, кои многу често ви замеруваат за постапките.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Чувствувате некоја мала непријатност или закана која доаѓа од оние кои не ви се наклонети. Не би требало со своите коментари да потсетувате дека не биле секогаш фер со вас, особено не некој Бик, Вага, Рак или Јарец. Можете само да ја влошите ситуацијата која не е баш солидна. Постои понуда од некоја друга Шкорпија во врска со работа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ова е еден од оние денови во кој не знаете што да правите со себе си и најверојатно ќе сфатите дека многу сте погрешиле во одлуките и мислењето за другите лица. Нема да бидете задоволни со тоа што ќе бидете игнорирани од еден Јарец за кој мислевте дека ќе ви помогне.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе направите нешто неочекувано и ќе се соочите со многу критики. Некој сериозно ќе ве навреди. Не се изненадувајте од лошите вести, бидејќи на некој начин сами ги создадовте. Поволната вест која одамна ја очекувавте нема да пристигне набрзо. Неповолен период за создавање ново пријателство.
Водолија (21.01 – 19.02)
Потребно е да сфатите дека не треба да ги користите туѓите слабости за да добиете некои поени, на сметка на туѓите грешки. Напротив, покажете колку сте способни и колку вие самите можете да успеете во замислите. Некоја грешка скапо ќе ве чини.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате потреба да направите нешто за себеси лично и малку да бидете себични за другите. Некои Близнаци можат да ве искористат за некои финансии. Имате доверба во партнерот и ги слушате неговите совети. Бидете повеќе толерантни со тврдоглавите лица.