Овен (21.03 – 20.04)
Затемнувањето на Сонцето во близина на вашиот знак ви носи значителна вознемиреност. Ако треба да посредувате меѓу две личности со кои имате одлична соработка не се задлабочувајте премногу за работите кои не ве интересираат вас. Можете да очекувате некоја непријатност од некој воден знак кој ќе се обиде да ви направи некоја интрига.
Бик (21.04 – 21.05)
Во текот на попладнете ќе бидете вознемирени, независно од декадата на знакот во која сте родени бидејќи Сонцето и Месечината по затемнувањето ќе почнат да формираат аспект со Венера во вашиот знак. Немате причина за премногу да се грижите за нешто што некој Стрелец ќе го изјави за вас, особено ако располагате со адути кои ви одат во корист.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес ќе имате чувство дека работите не можат да тргнат наопаку. И ќе бидете во право. Ќе погледнете околу вас и ќе најдете многу нешта поради кои ќе сте задоволни и благодарни што ги имате. Животот не бил секогаш фер кон вас, но сега ќе забележите дека лошите моменти ве направиле уште посилни и посамоуверени.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес тимската работа ќе ви помогне да бидете најефективни. Не бегајте од луѓето и не ги избегнувајте разговорите со нив. Некој инспиративен разговор ќе ја разбуди креативноста во вас. Бидете подготвени да стапите во контакт со интересен истомисленик, тоа е вашата можност за нова соработка која ќе ви донесе голем профит.
Лав (23.07 – 22.08)
Можеби ќе добиете вест во врска со пари која може пријатно да ве изненади ако сте родени во последната декада од знакот бидејќи очекувате ситуацијата да тргне на подобро, но не со толку брзо темпо. Ќе се снајдете во врска со новата работа од која многу очекувате. Можно е да размислувате за работа во врска со некоја финансиска установа. Денот е поволен за друштвени активности, посветете им доволно време на пријателите.
Девица (23.08 – 22.09)
Родените на почетокот на овој знак мораат посериозно да се позанимаваат со своите работи и да се вклучат во некаков проект кој би можел да им донесе подобри приходи. Ако сте предмет на критика, односно постои сомнеж за вас дека не сте доволно активни и дека не се ангажирате доволно во рамките на работата, не им забележувајте на оние кои ве критикуваат, наместо тоа од нивната критика извлечете го максимумот. Можна е обнова на соработката со некој Бик или Шкорпија.
Вага (23.09 – 22.10)
Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работите обврски. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не ви одговара позицијата на Месечината во Стрелец, бидејќи се плашите дека нешто може да тргне на лошо во врска со пари или регулирање на нешто што се однесува на плаќање, или на вашиот статус на работа или во соработката со некој Рак, Стрелец или Јарец. Не инсистирајте да добиете мислење од оние кои не се искрени со вас или оние за кои не сте сигурни дека ви мислат добро.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес е за вас еден секојдневен ден во кој може да бидете многу успешни, активни и сето тоа убаво да ви се валоризира како финансиски, така и како респект на значајна личност, можеби некакви ветувачки муабети со неа, навестувања за можни промоции, промени и слично. Во секој случај, многу радост и веселба поради успешно завршување и финализација на некој вид на бизнис. Можеби и по некој ситен подарок како знак на внимание што сте му помогнале некому или сте го заложиле својот авторитет.
Јарец (22.12 – 20.01)
Со својот доминантен став се наметнувате. Бидејќи тој став не е доволно убедлив, многу пријатели и соработници нема да наседнат, туку ќе се обидат да го избегнат тоа. Пожелно е да се коригирате и да постапувате во согласност со сопствените квалитети и можности. Не сте баш во врвна форма. Причини за депресивна состојба има повеќе.
Водолија (21.01 – 19.02)
Бидејќи упорно настојувате да добиете од другите она што не се во состојба да ви го дадат, кавгата е неминовна. Се советува внимателност, и тоа не само кога се во прашање зборови. Обидете се аналитички да му пријдете на проблемот и да најдете за него оправдување. Доста ви е од трач и озборување. Се повлекувате во свој свет, па на мир анализирате се што ви се случува. Собирате сила за нови победи, а ќе имате победи за некој ден.
Риби (20.02 – 20.03)
Со Стрелецот сте во чудна врска. Иако имате корист на прв поглед одлично функционирате, но слабо се разбирате. Тоа само вие го знаете. Причина за слабоста е во вашата премореност, морате да најдете начин да се релаксирате и да се одморите. Претстојниот викенд е одличен за нешто такво. Во понеделник очекувајте понуда за соработка од некој Лав.