Овен (21.03 – 20.04)
Емотивната состојба е нестабилна и ве принудува на непромислени потези. Нека не ве заплашуваат сегашните проблеми бидејќи во иднина доаѓаат уште посериозни. Ќе пронајдете разумно решение кога ќе се смирите и убаво ќе размислите. Некоја Девица очекува финансиска помош од вас.
Бик (21.04 – 21.05)
Добро се согласувате со Близнаците и Лавовите кои совршено ве разбираат кога станува збор за работата. Би требало да им се посветите на вашите интереси бидејќи имате шанса да успеете во работата која можеби сега ви е хоби или со која во моментов се бавите. Некоја Вага јавно ќе ви покаже каде грешите, не се лутете бидете благодарени за тој потег.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Многумина ќе ја чувствуваат вашата среќа и ќе возвраќаат на неа. Уживајте максимално во секој момент и не дозволувајте минатото да ви украде ниту една секунда. Време е да донесете сериозна одлука на љубовен план која ќе ви го промени целосно животот. Слушајте го срцето.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе брзате да им помогнете на колегите во нивните проблеми, тоа одлично ќе се отслика на вашето расположение. Очекувајте некакво изненадување кое ќе ве исполни со среќа. Имате убави планови за во иднина, време е да преземете некој посериозен чекор.
Лав (23.07 – 22.08)
Некој договор кој ве обврзува секој месец да инвестирате во нешто ви задава големи проблеми во семејството. Обидете се да го промените тоа, и откажете се од помошта која досега сте му ја давале на некој пријател. Закажете деловен состанок на кој ќе бидат потцртани клучните нешта на кои треба да се работи. Ви недостасува време за пријателите, најдете малку слободно време и излезете со нив.
Девица (23.08 – 22.09)
И покрај тоа што во последно време себе си се сметате за малерозна личност, денес денот ќе ви покаже дека тоа не е така. Може да добиете некои неочекувани пари или некој ќе ви предложи многу интересен и потенцијално успешен проект. Прифатете ги опциите кои се пред вас, денес не можете да погрешите.
Вага (23.09 – 22.10)
Несериозни сте во врска со некој проблем кој ви се појавил, вашиот партнер е лут, а вие и понатака несериозно постапувате. Обидете се барем да се извините и променете го однесувањето. Малите недоразбирања не вредат за во толкава мера да ви го влошат животот. Бидете поодговорни и исполнете ги ветувањата. Неповолен период за вас во кој најдобро е да мирувате.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Сте повредиле некој близок. Денес имате шанса да го промените тоа. Извинете се за своите постапки, дури и ако тоа не е нешто кое сакате да го правите. Можно е да почувствувате опаѓање на концентрацијата во вториот дел од денот, затоа во утринските часови завршете ги важните задачи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не ви недостига прилика за забава, а позитивните настани на емотивен план ќе ве поттикнат да се соочите со внатрешните стравови. Денот е одличен за започнување на нешто ново. Верувајте во вашата среќа и искористете ја секоја прилика за истакнување и развој на вашата креативност.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ве измачува тежината на работата која ја работите, но подобрувањето на финансиската ситуација ќе ве смири комплетно. Размислете малку околу инвстициите и враќањето на долговите. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на вашиот партнер и уживајте.
Водолија (21.01 – 19.02)
Имајте трпение и доверба во себе и во вашиот партнер. Работите кои се случуваат се малку поголема промена во животот, но сепак тие нешта ве водат кон подобра ситуација, како од финансиски аспект, така и од приватен аспект. Дадете му ја вашата подршка на партнерот бидејќи тоа му е неопходно. Претстои период во кој финансиски ќе зајакнете.
Риби (20.02 – 20.03)
Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските. Не се расправајте со партнерот за неважни нешта кои само ве одалечуваат. Обидете се да размислите и постапете совесно. Некои финансиски средства кои ги очекувате малку ќе доцнат.