Овен (21.03 – 20.04)
Месечината во Близнаци и Јупитер во Лав даваат добар аспект и делуваат поволно на претставниците од вашиот знак кои се млади, се занимаваат со спорт или се подготвени да влезат во некоја нова работа. Ќе бидете комплетно подготвени да ги разберете другите и да се занимавате со нивните проблеми. Лошо поставениот Меркур може да ве направи малку наивни.
Бик (21.04 – 21.05)
Венера, владетелот на вашиот знак во своето седиште поволно делува на вашите амбиции но пренагласениот знак Овен може да влијае на промените на расположението и недостатокот на самодоверба. Верувате дека ќе успеете да убедите некоја Шкорпија дека би требало да ви посвети повеќе внимание и да има поголемо разбирање за вашите идеи.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе размислувате и ќе разговарате за вашата иднина, но заклучокот нема да зависи од вас, сепак треба да го прашате за мислење и вашиот партнер. Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговара, додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореалните кругови.
Рак (22.06 – 22.07)
Искористете ги поволните прилики или нечија наклонетост како би си ја поправиле вашата финансиската состојба. Одлучете се за кредит, позајмица, распрашајте се за предностите на осигурување или стипендија. Во љубовта ве очекува пријатно изненадување.
Лав (23.07 – 22.08)
Деловните разговори, соработката со колегите, учењето и др. ќе ви го пополнат денешниот ден. Решавањето на еден проблем во вас создава неудобност. Можеби ќе имате и некои непредвидени тешкотии од кои ќе биде разнишана вашата самодовреба. Бидете храбри и одлучни, не седвоумете во постапките.
Девица (23.08 – 22.09)
Некоја многу важна случка ќе поткрене коренити промени во вашиот однос кон некоја личност. Ќе отворите некои ненапишани поглавја, некои ќе доживеат нова љубов, а други пак ќе се решат за родитлество или зајакнување на постојната врска и сл. Некој можеби ќе стане траен извор на вашата среќа.
Вага (23.09 – 22.10)
Слободните ќе уживаат во моменталниот стил на живеење – многу средби, разговори, новини, озборувања. Можно е многу успешно кратко патување. Во сериозните врски доаѓа до заладување или затегнување на односите. Заборавете накратко на обврските и бидете пак млади и заљубени.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Само оние кои добро ве познаваат можат со вас да излезат на крај. Полни сте со планови но и со грижа дали ќе успеете, истовремено ќе бидете ранливи и чуствителни на забелешките од другите. Интензивно ќе се дружите со партнерот, но постои можност од мало разочарување.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Некои нови прилики во семејниот живот како и можноста за купување на недвижнини, градење, премногу ќе делуваат врз вас. Ќе промените нешто во вашиот секојдневен живот, па сето тоа заедно ќе ви создава стресна ситуација. Во љубовта можеби малку ќе се одалечите од партнерот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Сакате да се докажете пред другите и да бидете видени на јавни места. Внимавајте да не ги измешате приватните и деловните односи. На работното место бидете одредени, внимателни, имате голема енергија и затоа обидете се да ја вложите во извршувањето на вашата работа или зацртаната програма.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денот ви носи и поволни и неповолни настани. Ќе имате многу средби и разговори, па постојано ќе бидете во гужва. Во целост вашата ситуација е добра, но би требало повеќе да внимавате на финансискиот дел од работата. Избегнувајте поголеми трошоци и не дозволувајте некој да ве наговори да вложувате во нови работи.
Риби (20.02 – 20.03)
Моменталната ситуација е без поголеми промени во однос на претходните денови. Односите на работното место се напнати. Обрнете поголемо внимание на работните задачи и не дозволувајте да ви се натрупаат. Во сериозните врски ќе морате да бидете потрпеливи, а оние во брак ќе живеат во хармонија.