Овен (21.03 – 20.04)
Вие многу сакате да се дружите со колегите од работа. Посебно денес нивното друштво многу ќе ви значи. Во домот ситуацијата е наелектризирана и полна со некоја таинственост и поради тоа ќе побарате мир надвор од домот. Внимавајте во разговорите и не ја истакнувајте вашата интелектуална надмоќ. Тоа вашето опкружување добро го знае и не треба да им го наметнувате.
Бик (21.04 – 21.05)
Вие сте секогаш многу сериозни и одговорни, но понекогаш ви треба опуштање. Денес ќе сакате за момент да заборавите на сите одговорности што ги имате и да избегате од реалноста. Внимавајте на алкохолот и не седнувајте за волан во таква состојба. Вечерва навистина ќе имате убаво дружење и весело расположение.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес конечно решивте да почнете да го спроведувате вашиот таен план за да го зголемите домашниот буџет. Имате голем план, но се уште не ви е јасно како ќе го спроведете и како ќе реагираа вашиот партнер на тоа. Но сепак постои голема шанса да успеете, да заработите нешто плус и да му докажете на парнерот дека сте станале посериозни.
Рак (22.06 – 22.07)
Вие никогаш не мирувате. Во состојба сте да правите повеќе работи одеднаш и тоа ве исполнува. Ако студирате или работата ви бара секојдневно учење, ќе осетите дека не можете да се концентрирате. Во мислите ви е една Вага и се уште немате собрано храброст да и се јавите. За да можете да ја продолжите работата, најдобро е да ја повикате.
Лав (23.07 – 22.08)
Во последно време имате многу забава и убаво дружење со колегите. Под нивно влијание почнувате да се опуштате и да се однесувате несвојствено за вас. Внимавајте и не запоставувајте ја работата зашто може премногу да ви се натрупа, а подоцна ќе ви биде потешко да се справите со обврските. Еден разговор со партнерот ќе ве натера на размислување.
Девица (23.08 – 22.09)
Ако во работата сте вклучени во некој вид партнерски односи, денес е вистински ден да разговарате со партнерот. Можеби ќе слушнете некои идеи кои во почеток ќе ви се чинат чудни. Но, откако ќе размислите, ќе сфатите дека партнерот размислува далекусежно и дека би било добро да го прифатите неговиот предлог. Во вечерните часови ќе имате пријатно дружење во кругот на фамилијата.
Вага (23.09 – 22.10)
Чувствувате голема одговорност и тешко ви е да се опуштите. Колку и да се трудите да не покажувате дека сте загрижени, тоа се забележува. Внимавајте, партнерот може погрешно да го сфати вашиот невообичаен начин на однесување и да ви приреди љубоморна сцена. За да го искористите денот на најдобар можен начин и да избегате од љубоморните сцени, излезете на воздух и шетајте или посветете се на некој спорт.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес ќе сакате да се опуштите и да надоместите се она што ви недостасува. Иако емоциите ги криете длабоко во себе, вие сте многу емотивни и имате голема потреба од љубов. Овој ден сменете го местото каде што најчесто излегувате со друштвото. Може да ви се случи неочекувана љубов на место каде не очекувате некого да сретнете.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можеби ситуацијата на работа не е многу јасна, но затоа ситуацијата во љубовта е токму онаква каква што посакувате. Денов поминете го во дружење со пријателите. Можно е да сретнете некој што ќе ве заинтересира. Можеби се работи за некој пријател кој сега ќе го видите во ново светло. Искористете ја Венера во вашата петта куќа и поминете прекрасен и исполнет ден.
Јарец (22.12 – 20.01)
Проблемите околу работата ќе ве измачуваат во овој период. Нерасположението ќе го пренесете и на домашните и тие ќе почнат да се оддалечуваат од вас. Од време на време ќе се потрудите да бидете повесели но тоа нема да ви успева. Партнерот ќе се повлече и ќе потоне во некој свој свет. Не се предавајте, ништо не е така црно како што моментално ви се чини.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе добиете интересен предлог од женски член на фамилијата, кој за вас ќе биде чуден и сосема неприфатлив. Иако мислите дека предлогот е во најмала рака смешен, сепак земете го предвид и размислете. Во вечерните часови ќе добиете покана од некои колеги да излезете во некое кафуле.
Риби (20.02 – 20.03)
Дружењето со еден необичен колега може да ви донесе корист. Тој ќе има предлог како да заработите надвор од работното време. Тоа многу ќе ви значи бидејќи ќе бидете во можност да го надополните тајниот фонд. Внимавајте, еден член од фамилијата може да открие дека нешто криете. Осигурајте се на најдобар можен начин за да немате непријатности.