Овен (21.03 – 20.04)
Наскоро следува сериозно преиспитување поврзано со вашите постигнати резултати. Мора да бидете јаки за да се соочите со тоа. Својата доминација ќе и ја наметнувате на околината. Од случувањата извлечете максимум, но не задоволувајте се само со тоа. Послушајте го советот на некој Бик, и не ја изневерувајте довербата на некој Рак.
Бик (21.04 – 21.05)
Работите ви се одвиваат онака како што посакувате. Во овој момент не треба да очекувате стресови. Ќе имате и доста енергија, но морате да внимавате да не претерате, бидејќи ќе бидете помалку немирни и склони постојано некаде да брзате. Овој ден ќе ви донесе голем успех.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Интересот ќе ви биде насочен кон нештата за кои најмногу се залагате, а тоа се односи, релации, контакти. И овој ден, можеби, ќе бидете задоволни од тоа како ве третираат околината, луѓето, познати и непознати, но би требало да се прашате за кого, всушност, живеете и работите, дали за другите или за оние што ги сакате.
Рак (22.06 – 22.07)
Месечината добро влијае на вас. Овој ден е поволен за нови познанства, а луѓето и колегите околу вас ќе имаат посебна почит за она што ќе го правите. Продолжете да воспоставувате контакти и да ги одржувате, бидејќи тоа е вашата предност. Ќе добивате поддршка и од партнерот.
Лав (23.07 – 22.08)
Пред себе имате силна цел, а тоа е усовршување на знаењето. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот ви е намален. Желбата за успех е силна затоа и сета енергија ви е насочена кон тоа. Ја проучувате секоја ситуација. Чувствувате блага нервоза, но тоа е нормална состојба за вас.
Девица (23.08 – 22.09)
Можеби нема се да ви оди како што сте замислиле, но не ги губете нервите поради тоа. Единствено со прибраноста ќе успеете да најдете излез од навидум безизлезните ситуации. Ќе ви годи прошетка во природа, вечерна прошетка со пријателите или добро организирана домашна забава.
Вага (23.09 – 22.10)
Пред вас е исклучително креативен и успешен ден во секој поглед. Особено ќе ве израдува некоја материјална добивка која не сте ја очекувале. Бидејќи претерувате со работата и во неа вложувате многу сила, кон крајот на денот можна е напнатост. Ќе се ослободите од неа доколку се сетите на саканото суштество и пријателите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Се обидувате да се дистанцирате од се што бара ваше мислење, а што може да ве доведе во судир со околината. Дали вреди поради тоа да се карате со вашите пријатели и да го раскинувате пријателството. Бидејќи ништо не постигнувате туку само се нервирате, одбирајте неутрални теми за разговор.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Малите расправии со претпоставените нема да бидат причина за лошото расположение кое ќе ве прати во текот на денот. Вистинската причина е на друго место и тоа највероватно во љубовта. Односите со партнерот ги заладивте и тоа по ваша вина. Извинете се и обидете се да ја поправите грешката што сте ја направиле.
Јарец (22.12 – 20.01)
Родените од првата декада ќе имаат неочекуван пресврт на работен план. На почеток на тоа ќе гледате со недоверба и резерва бидејќи не ќе сакате никакви промени. Сепак најбрзо ќе видите дека има поволни услови за тоа. Финансиската ситуација е одлична.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе бидете во дилема која ќе ви ја наметне подобрата половина или пак некој од најдобрите пријатели. Ситуацијата на работа ви цвета и пред вас е прекрасна иднина, но поради тоа вашите блиски ќе се почуствуваат запоставени. За жал тој проблем не ќе можете да го решите без компромис.
Риби (20.02 – 20.03)
Изразени се желбите за заработка и уживање во материјални богатства. Настојувате да ја прикриете вашата амбиција, бидејќи можете да нагазите на мина. Не брзајте за никаде туку застанете и погледајте околу себе. Ќе одиграте многу важна улога во решавањето на некој проблем во вашето семејство. Обезбедете време за личноста која ве привлекува.