Овен (21.03 – 20.04)
Денес сте импулсивни но не во лоша смисла, освен ако некој не ве допре во Ахиловата пета. Тоа би можеле да го направат Девица или Јарец и тоа тенденциозно. Кратките патувања или состаноци можат да бидат причина за стрес и нервоза. Во љубовта сте дарежливи. Еден Лав или некој друг Овен имаат големо влијание врз вас.
Бик (21.04 – 21.05)
Ве притискаат бројни грижи и се обидувате да ги решите на наједноставен начин. Ќе ви понуди помош некој кој ви е многу близок, можеби соработник или личност која ви е многу драга. Би можеле да добиете поволна вест во врска со пари или заработка во некоја работа со странци. Орочете ги заштедените пари во некоја странска банка.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Обидете се да најдете нешто од кое ќе остварувате дополнителни приходи. Побарајте помош од пријателите. Обидете се да се релаксирате, ќе најдете решение за проблемите. Посмелите чекори кои ги планирате треба наскоро да ги започнете. Некој роднина ќе ви даде одличен совет.
Рак (22.06 – 22.07)
На кавгите во вашата околина им нема крај, пробајте да најдете конечно решение за тие да не се повторуваат секојдневно. Голема е веројатноста да кажете нешто за кое долго време ќе жалите. Гласно потенцирајте дека ви е потребен мир и држете се колку што можете понастрана од провокатори на бесмислени расправии. Некој пријател од минатото ќе ви го разубави денот.
Лав (23.07 – 22.08)
Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив. Најсигурни ви се Јарецот и Девицата. Една Шкорпија се надева на вашата помош или на заедничка соработка.
Девица (23.08 – 22.09)
Можна е појава на конфликти и проблеми. Дури и да има повод за конфликт правете се дека не го забележувате. Гледајте од високо на секојдневните проблеми и не се нервирајте за ситници. Обрнете внимание на членовите на вашето семејство, бидејки имаат потреба од ваш совет. Стабилни и реални, како и секогаш, ќе успеете да ги победите предизвиците.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе добиете повик кој позитивно ќе ве изненади. Она за што се борите е правилно, но ќе треба подобро да соработувате со другите, барем за сега. Некои ќе гледаат да ја усовршат својата стручност. Оние што учат ќе бидат во добивка. Некој пријател искрено ќе ви заблагодари за дадената помош.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе се појават финансиски проблеми. Ќе имате потреба да финиширате некои работи и малку да се дистанцирате од напорната работа, но новите задачи ќе ве стигнуваат. Како да им нема крај. Бидете позитивни и среќни што е така. Дајте се од себе за да ги сработите како што треба.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате премногу планови но всушност сте премногу опуштени или несигурни во себе и се сомневате дали е можно вашите планови и соништа да се остварат. Би требало да бидете подготвени на секој вид предизвик, особено кога станува збор за соработка со друг Стрелец, Лав или Шкорпија. Некој Јарец ќе ви даде одличен совет.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекуваат проблеми поврзани со работното место. Работните задачи извршувајте ги како да сте постојано под контрола и само така ќе ги избегнете конфликтите со претпоставените. Односите со околината се значително подобри. Решете го конфликтот со семејството на најразумен начин.
Водолија (21.01 – 19.02)
Раководени од интуицијата ќе сфатите дека некаде сте погрешиле. Вашето семејство и најблиските ве разбираат но не можат да ви помогнат бидејќи и тие се во тешка ситуација. Вашите барања се преголеми, па затоа ќе владее нервоза и несогласување. Преиспитајте ги одлуките.
Риби (20.02 – 20.03)
Нервозни сте секогаш кога сте оптеретени со обврски и секогаш кога мислите дека нема да стигнете да ги завршите сите. Денес би можеле непотребно да се форсирате и само да се наполните со нервоза. Не навлегувајте во расправии со други Риби, Стрелец или Лав, кои многу често ви замеруваат за постапките.