Овен (21.03 – 20.04)
Многу планети, вклучувајќи ја и Месечината во Риби во астролошкото поле на тајните делуваат на вас прилично иритирачки. Не давајте на никого деловни информации и не навлегувајте во семејни расправии. Можни се нервози, бидејќи многумина не се согласуваат со вас за разни прашања.
Бик (21.04 – 21.05)
Работите се натрупуваат, тие не се завршени, а нови веќе доаѓаат. Се што има врска со конкуренција, бара претпазливост. Некој би можел да ве провоцира на тема која за вас повеќе или помалку е табу. Бидете подготвени нешто да премолчите, ќе оставите подобар впечаток. Можна е главоболка и несоница.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес бидете дарежливи кон себе и кон оние што ви значат. Планирањето на трошоците е во ред, но понекогаш треба да си пружите и по некое задоволство. Денес планетите ќе ве поттикнат да го прославите вашиот личен успех. Не седете со скрстени раце и соберете ги пријателите и колегите. Преземете ја лидерската функција во организацијата и направете сите да ве следат вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Ова е одличен момент да почнете да заработувате. Многу вложувавте, па нормално е да ви се врати. Потрудете се да не се расправате со соработниците. Загрижени сте, а и самите не знаете зошто. Потрудете се да се смирите и да бидете потолерантни. Поведете повеќе сметка за неконтролираното трошење и заштедете некој денар.
Лав (23.07 – 22.08)
Одговорностите ви го насочуваат патот по кој ќе треба да се движите. Некои од вас може да влезат во нови партнерства, но повеќето ќе донесуваат одлуки за тоа каде води нивната моментална состојба. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Но и финансиите исто така, затоа не се опуштајте премногу во трошењето.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес тимската работа ќе ви помогне да бидете најефективни. Не бегајте од луѓето и не ги избегнувајте разговорите со нив. Некој инспиративен разговор ќе ја разбуди креативноста во вас. Бидете подготвени да стапите во контакт со интересен истомисленик, тоа е вашата можност за нова соработка која ќе ви донесе голем профит.
Вага (23.09 – 22.10)
Можеби ќе добиете вест во врска со пари која може пријатно да ве изненади ако сте родени во последната декада од знакот бидејќи очекувате ситуацијата да тргне на подобро, но не со толку брзо темпо. Ќе се снајдете во врска со новата работа од која многу очекувате. Можно е да размислувате за работа во врска со некоја финансиска установа. Денот е поволен за друштвени активности, посветете им доволно време на пријателите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Во потрагата за вредности размислувајте практично. Ви пречи несериозноста спрема работата на другите. Не сакате да се расправате, па го потиснувате незадоволството. Сакате нешто да промените и ќе ви успее тоа. Исполнете ги сите обрски на работа, не ги одложувајте предметите за наредната недела, тоа лошо ќе се одрази на вашата кариера.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Многу животни проблеми ве стигнаа во исто време. Борете се со сета сила ако сакате да успеете. Не штедете ја енергијата и бидете трпеливи. Послушајте совет од блиските кои ќе ви помогнат со помалку напор да завршите повеќе работи. Денес не навлегувајте во непотребни конфликтни ситуации, останете смирени, без разлика на големината на проблемот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Свесни сте за целта што е пред вас, затоа и трпеливо грабите кон целта. Обврските ги извршувате со зголемена доза концентрација. Мотивирани и амбициозни сте, затоа ќе успеете. Бидете позитивни и се ќе дојде во вистинско време.Можно е да добиете некоја сума на пари од некој кој ви должи пари или од игрите на среќа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе добиете шанса да освоите нечии симпатии и можеби ќе добиете добра деловна понуда за која не можете ни да сонувате. Ќе бидете подготвени да влезете во некој недоволно разработен аранжман кој се однесува на странство или на медиумите, но на вас тоа нема да ви пречи. Не го кажувајте тоа што ги нервира другите, особено ако во вашата околина имате лица кои се чувствителни на секој збор. Бидете достоинствени и држете до себе. Можна е добра соработка со некој Лав.
Риби (20.02 – 20.03)
Упорно сакате вербално да се докажете, мислите дека секогаш сте во право. Бидете трпеливи, бидејќи може да се исцрпите докрај ако продолжите со расправиите. Размислете објективно за тоа до каде сте и како се чувствувате. Моменталната состојба не ви е многу сјајна, но за тоа сте виновни единствено вие, во иднина пред да ги одложувате работите, размислете за последиците.