Овен (21.03 – 20.04)
Ќе почувствувате значителни промени. Вашето живеење станува се подобро но внимавајте да останете на тоа ниво. Финансиската состојба особено ќе ве израдува. Зголемувањето на ритамот може да биде штетно на вашето здравје, релаксирајте се и научете да уживате малку повеќе.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашиот деловен живот ќе почне да се претвора во нешто, што би можело убаво да се развива и да има солидна иднина, па дури и добра материјална заработувачка. Можете слободно да започнете со приготвувањето на новите планови. Во сериозните врски настапува период на креирање на нови и посмели чекори на кои лесно ќе се согласите доколку ви бидат исполнети условите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Убав ден за Близнаците. Денешниот ден ќе изобилува со позитивност и ведрина. Желни сте за пријатели и забава. Чувствувате наплив на емоции кои ќе ве натераат да организирате средби со вашите блиски. Некои од вас ќе успеат да продлабочат некои пријателства и ќе бидат среќни поради тоа.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе ја препознате користта од стабилен и структуиран ден како овој. Оваа практична енергија ќе ви ја одземе забавата од денешниот ден. Можеби нема да разберете веднаш, но среќата ќе заминува како капка по капка. Држете ги работите кои ви даваат страст и смисла на живот, а меѓу нив главни се токму тие кои ќе ви се чинат дека не се атрактивни.
Лав (23.07 – 22.08)
Чувствата ќе ви попречуваат во донесувањето на решение и ќе ја замаглуваат вашата проценка, а ова посебно важи за врската. Бидете внимателни и избегнувајте темпераментни реакции и детски расправии. Не ја префрлајте вината врз партнерот без објективно да ја погледнете ситуацијата. Ако нешто ви пречи, оладете и анализирајте ги работите пред да се впуштите во напад.
Девица (23.08 – 22.09)
Поволен ден во кој ќе владее позитивната енергија. Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се, тоа наскоро ќе се реши.
Вага (23.09 – 22.10)
Намалете го темпото, потребен ви е одмор. За вас е најдобро да се опуштите и привремено да заборавите на обврските. Можно е првиот ден од претстојниот викенд да добиете помала сума пари. Следниот ден ќе бидете повикани да отидете на еднодневен излет или забава со пријателите. Не ја пропуштајте шансата малку да излезете од секојдневието и да ги оставите деловните задачи за наредната недела.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ден во кој ќе постои голема доза на нервоза и немир. Напнатоста денеска ќе биде доста голема во оглед на тоа колку луѓе ќе сретнете и во кои се ситуации ќе се најдете. Ќе имате силна потреба за стабилност и дисциплина, додека останатите ќе бараат само забава. Ќе останете заглавени меѓу тие два света, а никој нема да биде подготвен за компромис.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Продуктивен ден во кој ќе го подобрите работењето. Денеска ќе се посветите на вашите должности. Ви се чини дека деновите само минуваат, а вие немате време ниту за било што важно во вашиот живот. Во се ќе морате да ја вметнете и љубовта. Веројатно нема да ви биде лесно на почетокот, но да бидете посреќни ќе мораат сите области да функционираат, па дури и оние кои ви се чинат помалку важни.
Јарец (22.12 – 20.01)
Можна појава на фрустрации, внимавајте. Освен што чувствувате недостаток на енергија, проблем ви претставува и недостатокот на средства. Очекуваните приливи ќе дојдат во текот на следната недела и добро би било да ги дочекате подготвени. Бидете внимателни на работното место и бидете понастрана од озборувањата. Партнерот денес ќе ве изненади со покажување на емоции.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе дојде до промена на нештата, ќе забележите завидни резултати. Имате доста креативна енергија, затоа потрудете се да ја употребите на адекватен начин. Ве очекува голема заработувачка. Чувствувате потреба да ја остварите животната цел. Послушајте го внатрешниот глас кој ви кажува кој чекор треба да го преземете.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес ќе бидете емотивно стабилни и филозофски ќе ги прифатите проблемите кои ви ги наметнува животот. Ако сте вработени, можно е да отидете на пократок пат или на состанок со некоја личност на повисока функција. Ветувањата што ќе ги добиете ќе бидат многу големи и тешко ќе ви биде да поверувате во нив. Тајните емоции кон една личност ви даваат голема енергија.