Овен (21.03 – 20.04)
Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во приватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари. Понудата од некоја Водолија прифатете ја со резерва.
Бик (21.04 – 21.05)
Нагласеното астролошко поле на парите и работата ве прави многу ангажирани, иако вие се обидувате да ги избегнете обврските кои не ги сакате. Можно е појавување во јавност на некој собир на лица кои не ги цените доволно или кои малку ве нервираат. Можете да очекувате поволен развој на ситуацијата на работа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ова би можело да биде одличен ден за повеќето претставници од овој знак доколку тие си дозволат да ги води интуицијата и ако бидат потрпеливи за оние кои на некој начин покажале дека имаат трпение за нив. Денес ќе бидете број еден за делење на корисни совети. Некој Бик или Девица можат да бидат прилично напорни соработници, но не грижете се, ќе се справите со нив.
Рак (22.06 – 22.07)
Некои ваши соработници ќе ве разочараат со постапките, но вие ќе мора да го надминете тоа. Внимавајте на кого му се доверувате. Избегнувајте да водите приватни разговори на јавно место. Некои тајни информации може да излезат од вашиот круг на блиски луѓе. Оваа ситуација може многу да ве чини.
Лав (23.07 – 22.08)
Напорен ден во кој ќе морате максимално да се трудите и напрегате да ги убедите соработниците да ги прифатат вашите предлози во врска со работата. Се што е поврзано со пари или некое патување во странство, можеби и нешто во врска со музиката или уметноста, ќе ви донесе некаков вид на сатисфакција и добри перспективи.
Девица (23.08 – 22.09)
Денешниот транзит на планетите ви носи добри можности за проширување на соработката особено со оние на кои не сте сметале ниту сте се надевале дека ќе ви бидат од корист. Овозможете им шанса и потрудете се да соработувате. Ако ви се допадне некоја идеја за приватен бизнис, ќе имате потреба од помош од некоја Вага или некој Лав.
Вага (23.09 – 22.10)
Родените во првата декада се под добро влијание на Меркур кој им носи добри можности за напредување, стручно усовршување. Оние кои бараат работа може да ја најдат во некоја финансиска или медицинска установа. Ако сте родени на крајот на знакот, можете да очекувате повик од еден Бик или некоја друга Вага во врска со нешто што за вас е многу важно.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
На работното место денес ќе имате активен и напорен ден. Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнува вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Добрата понуда од некој Стрелец или Овен ќе ве израдува бидејќи ќе сфатите дека на лесен начин можете да го решите проблемите во врска со парите. Верувате дека можете да владеете со ситуацијата и лесно да ги убедите оние кои имаат поинаков став од вас за некое многу важно прашање. Обидете се да ги обновите контактите со некои поранешни колеги.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате назначена потреба за доминација. Сонцето и Месечината во добар аспект со Марс ви носат сјајни можности за соработка со некој Овен или некој Стрелец. Можеби некој Лав јавно ќе ве предупреди за постапките. Односите во љубовта ќе бидат разлабавени, поправете ја ситуација што поскоро.
Водолија (21.01 – 19.02)
Колегите кои не ве виделе подолг период ќе се израдуваат на вашата средба и веројатно ќе се потрудат повторно со вас да имаат нова соработка. Имате проблеми со самодовербата и многу сте внимателни за нештата кои ги слушате за себе но и за другите. Следува поволна вест поврзана со пари.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате премногу планови но всушност сте премногу опуштени или несигурни во себе и се сомневате дали е можно вашите планови и соништа да се остварат. Би требало да бидете подготвени на секој вид предизвик, особено кога станува збор за соработка со Стрелец, Лав или Шкорпија. Некој Јарец ќе ви даде одличен совет.