Овен (21.03 – 20.04)
Во овој ден ќе покажете желба за напредок. Интензивно ќе работите на пронаоѓање на ново работно место, нови деловни партнери или пак на евентуално напредување на работното место. Ќе ви бидат нагласени интелектуалните способности како и амбициозноста и самодисциплината.
Бик (21.04 – 21.05)
Среќен и исполнет ден. Ќе бидете во хармонија со своите блиски, и ќе ви се врати ведриот дух. Не трошете многу енергија и не полемизирајте со никого, дури и ако бидете предизикани. Бидете поискрени со вашите пријатели. Ако сакате да внесете нешто ново, било да е тоа на работното место, или во љубовта ова е одличен ден.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Одличен ден исполнет со забава. Овој ден ќе бидете амбициозни како и секогаш. Но малку повеќе ќе се фокусирате на семејството и на вашиот приватен живот. Престанете толку да се грижите во врска со работата и наместо тоа, отидете една вечер некаде со пријателите и партнерот и забавувајте се.
Рак (22.06 – 22.07)
Во овој ден ќе покажете интерес за многу нови работи. Нова љубов, деца, спорт и забава – ова ќе бидат работите кои ќе ве интересираат во текот на денот. За сето тоа енормно ви расте интересот. Доколку тврдоглаво настојувате да го реализирате тоа што не е можно, за вас ќе биде многу непријатно и може лошо да се одрази врз вашата здраствена состојба.
Лав (23.07 – 22.08)
Напнат и проблематичен ден. Денеска ќе бидете доста повлечени и напнати. Некои од вас ќе добијат желба да се подалеку од другите, односно да се повлечат со своите мисли. Ве очекуваат пријатни изненадувања на сентимантален план, но само ако ја вратите ведрината на вашето лице и ако се дружите.
Девица (23.08 – 22.09)
Денешните состојби со работата ќе ве нервираат многу и ќе ве прават агресивни, но тоа не е толку страшно затоа што веднаш потоа доаѓаат позитивни промени и смирување. Во средбата со вашата сакана личност ќе биде нагласена интимноста и меѓусебното разбирање.
Вага (23.09 – 22.10)
Во овој ден ќе бидете во гужва и бунило. Почнете да ги извршувате започнатите работи. Концентрирајте се на проблемот кој веќе подолго време го одбегнувате. Ќе успеете да решите само дел од натрупаните проблеми кои ви причинуваат емотивни штети проследени со променливо однесување.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Преиспитајте ги своите барања и критериуми. На работното место предизвикувате конфликти. Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денешните средби, контакти и разговори со луѓе ќе ве усреќат. Вашата дружељубивост ќе и биде симпатична на околината. Ќе бидете успешни во комуникацијата, учењето, трговијата и давањето услуги. На работното место се оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Внимавајте на пријателствата. Исто така и на партнерот кој е избезумен од вашето однесување. Се наоѓате пред важно патување поради кое се чувствувате добро. Потрудете се повеќе да бидете во друштво на пријателите. Бидете внимателни, бидејќи претерувате кога ќе почувствувате дека имате повеќе пари.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес пред се внимавајте на здравјето. Некоја деловна понуда многу ќе ве заинтересира, но одлуката ќе биде тешка. Енергијата ви е на ниско ниво, па затоа ве советуваме да не се напрегате премногу. Материјалната состојба нема да ве загрижува. Во љубовта бидете потолерантни ако сакате да ја сочувате.
Риби (20.02 – 20.03)
Ве советуваме да бидете што поотворени кон другите луѓе, особено кон оние кои многу ви се важни. Ако нешто не ве остава на мир или поради нешто сте нерасположени, сега е вистински момент да промените нешто. Ова е одличен ден за проучување и самоанализа.