Овен (21.03 – 20.04)
Внимавајте на вашите постапки денеска, бидејќи можете да ги прекршите правилата, а последиците нема да бидат незабележани. Контактите со странство се од голема важност и ви се отвараат врати за нови комбинации и работи. Постои можност за патување или пак посета од далеку.
Бик (21.04 – 21.05)
Одличен ден за некои помали работи и контакти како работни така и приватни. Ќе имате доста добри односи со претпоставените, па вашите работи ќе напредуваат. Амбициозните проекти не ви се добро аспектирани но се очекува подобрување. Теба да бидете поупорни и потрпеливи ако сакате да напредувате.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе бидете се позадоволни и помирни и пред вас се се поголеми шанси. Ќе имате многу добри аспекти за почеток на долготрајни работи и работи кои се поврзани со совладување на отпор односно борба. На тој план можете да очекувате и значајни успеси.
Рак (22.06 – 22.07)
Не ве очекуваат многу возбудувања, па затоа ќе можете да се посветите на вашите обврски. Во овој момент ќе немате изразени неповолни аспекти што значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен ден.
Лав (23.07 – 22.08)
Вашата ситација е повеќе добра отколку лоша, но ако не бидете внимателни вашите односи со околината можат да бидат многу незгодни. Финансиската ситуација ви се подобрува, но сепак внимавајте каде ги трошите парите. Во интимниот живот може да се забележи подобрување.
Девица (23.08 – 22.09)
Вашиот јавен живот доминира над вашата приватност. Некои од вас ќе го запостават партнерот или од него ќе очекуваат да се прилагоди, особено оние родените во втората декада. Односот со родителите или децата ви е одличен и вашето задоволство се зголемува.
Вага (23.09 – 22.10)
Се повеќе настани ве очекуваат во денешниот ден. Ви се закануваат и стресови кои можат да бидат и доста непријатни за вас. Ве советуваме да избегнувате било какви важни одлуки, бидејќи психички ќе бидете многу напнати. Олабавете ја напнатоста преку физичка активност.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекуваат нешто повеќе тешкотии во меѓучовечките односи кои стануваат се посложени. Избегнувајте контакти кои не се неопходни. Ќе бидете доста незадоволни, па ќе се почуствувате занемарено, неправедно отфрлени и сл. Без грижи тоа е само моментално и набрзо ќе исчезне.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе морате да бидете доста трпеливи и вашите проекти да ги градите постапно. Комуникациите со претпоставените и колегите ќе бидат на ниво, па можете да очекувате разрешување на некои проблеми кои зависат од нив. Финансиската ситуација е просечна со тенденција на подобрување.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ако работата ви е досадна ќе се обидувате на секој можен начин да ја одбегнете или пак да го збогатите денот со деловен ручек или дружење со колегите. Сите Јарци кои можат да ја изразат својата креативност и талент на работното место, сега е момент да успеат во тоа. Ве очекуваат парични проблеми.
Водолија (21.01 – 19.02)
Претерано се грижите за вашата финансиска состојба. Размислувате за зголемување на вашата материјална сопственост. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финасии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Можеби е најдобро за тие прашања отворено да поразговарте со вашиот партнер.
Риби (20.02 – 20.03)
Можете да започнете со поголеми и важни работи, а ќе можете да развиете и некои нови проекти. Ќе се чуствувате се подобро, па и вашето расположение ќе придонесе за подобар успех. Ќе имате многу добри односи со претпоставените, па затоа сега е одличен ден за важни разговори и договори.