Овен (21.03 – 20.04)
Денес сте голем идеалист и помалку наивни. Верувате дека имате влијание на деловниот партнер повеќе од тоа што е вистина. На некој може да му појде од рака да ве надмудри. Деловните контакти со Лав и друг Овен сепак можат да ви донесат многу поволни нешта.
Бик (21.04 – 21.05)
Денот ви носи нови можности на професионален план, а ако се поставите пријателски кон некои Риби или Стрелец, можете да очекувате нови деловни понуди, зголемување на приходите или некаков друг вид на унапредување. Потребно е да бидете искрени но не непријатни кон оние кои ви нудат некаков вид на деловно решение. Во прилична мера се оптеретувате со непотребното рамислување.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Верувате дека многумина ви завидуваат на успехот или намерно ги коментираат вашите деловни потези. Уверени сте дека некој се обидува да ве надмудри или да ви даде до знаење дека не сте биле фер кон тоа лице. Би било добро повеќе да се одморате и да не си создавате преголеми обврски.
Рак (22.06 – 22.07)
Ако сте жена Рак, денес сте многу способни да ги убедите деловните партнери дека треба да ве послушаат. Благодарение на личниот шарм успевате многу работи да ги постигнете кога ќе се претставите во професионалното поле. Ако сте маж Рак, можен е многу важен деловен контакт со еден Лав. Ќе добиете неочекувана уплата од некој кој нешто ви должел.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес можеби ќе бидете несовесни во врска со некои недвижнини, пари или можеби ќе му дадете на партнерот повод да се сомнева во вашата лојалност. Некоја Вага или друг Лав ви се наклонети и ќе ви понудат соработка. Денот ви носи многу нејасни нешта, некои понуди во врска со недвижнини кои се чудни за вас, па затоа денес не треба да донесувате важни одлуки во врска со тоа.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес сакате да се договорите со некој Рак во четири очи за можните нови деловни работи. Имате многу идеи и потебна ви е помош од Шкорпија, Јарец или Риби. Верувате дека можете да се изборите со конкуренцијата или преку хонорарна работа да ги зголемите приходите. Ова би можел да биде еден од подобрите денови за оние креативните и способните Девици кои не се двоумат да работат напорно и кои веруваат во успехот.
Вага (23.09 – 22.10)
Очекувате повик од некој кој ви ветил заедничка работа, можно е да станува збор за лице кое е присутно во јавноста и добро зборува некој странски јазик. Ако станува збор за Шкорпија или Јарец, имајте трпение со нив. Ако сте долго на истото работни место малку ќе се чувствувате запоставени или непотребно критикувани од страна на оние кои во суштина се полоши од вас.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Напорен ден, особено ако треба да се сретнете со некој Лав роден во август кој ве наговара на нешто што не ви оди во прилог. Верувате дека можете да ги убедите Близнаците и Рибите да ги прифатат вашите совети во врска со работата во државна служба или на некој многу одговорен проект. Денес ќе имате нервози поради некои неочекувани трошоци.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе добиете повик од лице со кое веќе сте требале да се сретнете. Можно е да станува збор за некој огнен знак или воздушен знак со кој инаку имате добра комуникација но во последно време ви изникнале проблеми поради вашата неподготвеност да попуштите во нешто. Шкорпијата се обидува да ви покаже каде грешите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денот ви носи нови деловни шанси во работата во рамките на медиумите. Една исклучително амбициозна личност прави планови со вас. Ако станува збор за Девица, Лав или Бик, не размислувајте за непотребните ситници кои би можеле да ви попречат во соработката со потенцијалните соработници, особено ако се наоѓаат на многу повисока позиција од вас. Можни се вонредни добивки преку игрите на среќа.
Водолија (21.01 – 19.02)
И понатака размислувате за понудата која требавте одамна да ја прифатите. Имате многу планови во врска со некоја нова работа која би требало да ја работите заедно со Риби или Овен. Очекувајте повик од еден Лав во кој имате голема доверба но не знаете дали да ја прифатите неговата понуда. Можни се зголемени трошоци.
Риби (20.02 – 20.03)
Денот ви е наклонет ако се занимавате со прашањата од практичното знаење поради што ќе имате прилика да се истакнете во работата која има врска со јавноста. Не морате да се грижите, се е на ваша страна, но со жените, без оглед кој пол сте вие, бидете внимателни, дури и со оние кои ви влегуваат во домот како пријатели. Имате можност да се договорите со некој кој ви должи нешто.