Овен (21.03 – 20.04)
Знаете што треба да направите но не можете да одолеете и да не направите барем една глупост. Подготвени сте да преземете ризик и да ја промените рутината. Сепак внимавајте вашите лудости да не ве одведат во незгодна ситуација. Не донесувајте избрзани одлуки.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес би можело да ви се оствари и она за што мислевте дека е невозможно. Само не барајте премногу. Она што ви се нуди земете го и уживајте во него. Така ќе се чувствувате задоволно и исполнето. Идеален ден за одличен помин со партнерот, можно е и мало патување ако времето и финансиите ви го дозволат тоа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Иако сте уверени дека денешниот ден ќе ви помине додека вие лутате во облаците, можно е нешто наеднаш да ве спушти на земја. Дури и ако успешно владеете со ситуацијата во која ретко кој се снаоѓа. Бидете пореални, партнерот има поголеми очекувања од вас, па обидете се да бидете зрели и да ги исполните.
Рак (22.06 – 22.07)
Иако сте возбудени поради некои нови нешта во вашиот живот, свесни сте дека тие нема да траат долго. Свесни сте дека вашата слобода наскоро ќе биде скратена и нема да можете да си го дозволите сето она што го сакате. Промените се неизбежни, но сепак тие нема да ве спречат да уживате, нормално доколку знаете да уживате.
Лав (23.07 – 22.08)
Една строго чувана тајна би можела денес да искочи на виделина, а вие ќе се изненадите колку добро ќе се носите со тоа. Вашата прва реакција би можела да биде страв бидејќи не сакате да се соочите со непознатото, но и доколку ве фатат неподготвени сепак подобро е да се знае вистината. Немојте да бидете крути.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес би можеле да се разочарате од партнерот или пријателите, кои во последно време се прилично себични кон вас. Ќе ве изненади фактот што тие воопшто немаат слух за работите поврзани за вас. Не се трудете да ги оправдате нивните постапки, туку спротивно. Моменталната љубовна врска ви е прилично нестабилна.
Вага (23.09 – 22.10)
Можно е да ја сретнете старата љубов и повторно да почувствате нешто кон таа личност. Време е да ги прифатите промените во вашиот живот и се што поминало да го оставите зад себе. Новите нешта ви донеле поголема радост, па затоа не вреди да ги расипувате со спомените од минатото.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Би било најдобро кога би можеле да ги отфрлите очекувањата кои ги имате од вашите блиски лица, едноставно започнете сами да си ги решавате нештата и не очекувајте нишо од никого. Тоа ќе ве направи и повеќе одлучни и ќе ви даде мотивација за посилно залагање. Некоја средба денес ќе ви го разубави денот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Барате од партнерот или пријателите да ви дадат некоја конечна одлука, но тоа нема да биде така како што вие сте си го замислиле. Наместо со директен одговор ќе мора да се задоволите со нивната неодлучност и мал број на искажани зборови. Не инсистирајте некој да пресуди наместо вас. Тоа може да ги повреди сите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Верувате дека решението на проблемите е во деталите па опсесивно започнувате да ја барате и најмалата грешка. Денес емотивно ќе се исцрпите, а нештата повторно нема да бидат решени. Седнете смирете се и размислувајте со ладна глава. Не си дозволувајте да навредите некого поради вашата незавидна ситуација.
Водолија (21.01 – 19.02)
Сакате да создадете поинтимен однос во врската, но се плашите дека ќе ја загубите слободата. Почекајте да пројдат неколку денови, па потоа донесете ја конечната одлука за тоа. Не ги забрзувајте вештачки нештата тоа може да делува негативно на вас. Трпението е клучниот елемент во овој момент.
Риби (20.02 – 20.03)
Изморени сте од напнатоста во вашата средина. Не сакате да се карате со партнерот и семејството, но не сакате ни да им попуштите. Се држите до вашите измислени правила и не се помрднувате од мртвата точка. Сакате сите да мислат како вас и навредени сте од секое поразлично мислење. Потребен ви е одмор во кој ќе ја избистрите главата.